Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Преполнети полици
Без разлика колку сте платиле за полиците, ако се преполнети и нафрлани со книги, тетратки и секакви предмети, нема да изгледаат убаво.
Целиот хаос ќе го одвлекува вниманието од самата полица и таа воопшто нема да дојде до израз.
Ако имате многу книги, наредете ги уредно на полицата и не додавајте екстра украси.
Ако не сте личност која чита, тогаш ставете по некој украс, но оставете и празен простор на полиците.
Погрешно избрани завеси
Кратките завеси кои завршуваат под самиот прозорец прават собата да изгледа пониско.
Ако, пак, завесите едвај го покриваат прозорецот, тогаш изгледаат премногу „евтино“.
Идеално е завесите да бидат долги до подот, а кога ќе ги затворите, да го покријат целиот прозорец без да изгледаат растегнато.
Стари евтини украси
Подобро е во домот да не ставате ништо, отколку да наредите куп евтини пластични декорации кои ретко кога изгледаат добро.
Домот ќе изгледа многу поубаво ако вложите во 2-3 поквалитетни украси, отколку да направите хаос со нешто евтино што нема ни да трае.
Видливи кабли
Полначи, кабли од телевизор, модем, продолжни кабли – сето ова е опрема што ни е потребна, но ако не ја средите, прави домот да изгледа евтино.
Размислете како можете да ги скриете каблите низ домот и веднаш ќе забележите разлика во изгледот.
Спирова С. | Црнобело