Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преполнети полици.

Некои грешки во уредувањето можат да направат домот да делува „евтино“, дури и ако сте потрошиле мало богатство за него.
Добрите вести се дека ова се ситници кои се средуваат многу брзо, а прават огромна разлика.
Седум грешки поради кои домот може да изгледа евтино:
Еден извор на светлина во целата соба
Лустерот е, секако, најдоброто решение за осветлување на просторија.
Но, ако сакате собата да изгледа помодерно и полуксузно, ставете уште некој извор на светлина, особено ако просторот е поголем и со високи тавани.
Ставете подна или столна ламба, мали сијалички, ѕидна ламба – има безброј опции.
Целиот мебел е залепен за ѕидот
Кога е во прашање мала просторија, нормално е мебелот да биде залепен за ѕидот за да заштедите простор.
Но, кога има повеќе место, не мора секое парче мебел да стои покрај ѕидот. Со ова просторот ќе делува празно, здодевно, но и „евтино“.
Можете барем малку да ја одделите гарнитурата од ѕидот, да го исполните центарот на собата со масичка, доколку е празен и слично.
Нема огледала
Огледалата не се само практично парче мебел, туку се и одлична декорација.
Му даваат длабочина, но и полуксузен изглед на просторот.
Па, потрудете се да ставите по едно огледало во секоја просторија.