Како да уредите мала тераса?

kako-da-uredite-mala-terasa-1

Доколку живеете во стан, сигурно во овие топли и сончеви денови ви недостига да имате двор каде ќе можете да поканите пријатели на кафе и скара.

Многу луѓе не практикуваат средување на терасата, посебно ако е мала често ја полниме со работи кои не ни се потребни во домот.

Но, всушност, тоа и не мора да биде така. Со малку фантазија и креативност малата тераса може да ви стане одлично место за дружење со пријателите и уживање во сончевите денови.

Секако, тоа може да биде еден голем предизвик во зависност од тоа колку навистина имате простор и какви се вашите желби.

Не заборавајте го фактот, дека живеете во зграда и имате комшии на кои може да ‘им смета вревата од вашата тераса.

Следете ги овие неколку чекори и со сигурност ќе го добиете посакуваното.

1. Убаво разгледување на просторот. Визуелно замислете или направете мал нацрт-план што точно сакате да поставите на терасата и на кое место. Направете неколку мерки за да знаете колку простор имате и да не погрешите при набавка на производи кои би сакале да ги имате на терасата.

2. Создадете си свој мал рај - уживајте во убавината на растенијата. Набавете неколку видови на прекрасни цветови и во интересни саксии поставете ги на терасата. Набавете си посебни држачи за саксиите, како тие би дошле од надворешната страна на тераса така просторот ќе биде визуелно поголем. Но добро прицврстете ги саксиите за терасата, како не би паднале. Направете убав распоред на растенијата, во зависност од тоа на кои ‘им треба повеќе сонце, и редовно одржувајте ги свежи и здрави. Така ќе си добиете свој мал рај. 

kako-da-uredite-mala-terasa-2

3. Одберете мал кауч, столчиња и маса и распоредете ги убаво на терасата. Земете мерки и гледајте да го искористите целосно просторот кој ви се нуди. Но ако не сакате столчиња можете наместо тоа да поставите тепихm, а одозгора стари перници и да си набавите некои интересни, колоритни навлаки. Во средина поставете ниска маса и ќе добиете прекрасен простор за уживање со пријателите.

4. Осветлување - одберете некоја висечка ламба која нема да ви зазема премногу простор а, сепак ќе го осветлува местото покрај масата. Бидете што е можно повеќе креативни и играјте со различните облици и бои на предметите.

5. Уживајте - секогаш може да си изнесете мала плотна на која ќе си приготвите скара. Изгледот на терасата можете да го дополните со шкафчиња каде ќе поставите чаши, пијалок, книги, списанија. И не заборавајте да си набавите радио.

Уредувањето може да започне!

Очекуваме, ваши креативни идеи во коментарите. 

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
5 трикови со кои визуелно ќе го зголемите малиот ходник Големото огледало е идеално за мали простории бидејќи визуелно го зголемува прос...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава