Елегантно и дизајнерски: Мал стан претворен во мало богатство

Со голема доза на креативност, ова минијатурно станче од само 36 метри квадратни е претворено во мало богатство скриено во светло поткровје.

elegantno-i-dizajnerski-mal-stan-pretvoren-vo-malo-bogatstvo-1

Целиот ентериер е одлично распореден и организиран на тој начин што сите соби се толку поврзани меѓу себе, а сепак интересно разделени.

Малиот стан на врвот од зградата не само што нуди прекрасен простор, туку и е синоним на еден интересен дизајнерски спој и елеганција.

Иако мал, сепак овој стан е доказ дека со малку креативност може да добиете одличен уреден простор во кој ќе се чувствувате удобно.

Кујната, дневната и трпезаријата се на истиот кат, додека пак спалната е сместена на горниот кат од станот. Кујната зазема еден мал дел од ќошот од станот, a дневната е комбинација од софа и мала масичка, сместени покрај голем прозорец.

Текстурите на ѕидовите се направени да се истакнуваат, но од друга страна пак одлично се вклопуваат со целиот дом.

Целиот стан изгледа како мала просторија на таванот на прв поглед, но потоа сфаќате дека станува збор за удобно, релаксирано, современо и инспиративно место.

Тоа што е навистина интересно е спалната соба која има прозорец на плафонот и додека лежите во вашиот кревет вие всушност го гледате небото и ѕвездите, а изутрина ве будат првите сончевите зраци.

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава