Со едноставна идеја до голема помош за бездомните луѓе

Секојдневно ги гледаме големите билборди на улиците кои рекламираат различни производи, изгледаат атрактивно и привлечно, но досега никој не се сетил како дополнително да ги искористи.

so-ednostavna-ideja-do-golema-pomos-za-bezdomnite-lugje-01

Една агенција за дизајн од Словачка дошла до идеја дека доколку поврзе неколку такви билборди на едно место, може да добие голема затворена кутија во која некој може да влезе.

Одлична идеја за згрижување на бездомните луѓе. Сето тоа размислено многу посериозно и во консултација со архитекти и дизајнери смислиле цел проект со кој успеале да направат вистински мали домови.

Можеби однадвор ви изгледаат мали за да бидат нечиј дом, но со добар план и искористен простор, доколку ја погледнете внатрешноста пријатно ќе се изненадите.

Во едниот дел има мала кујна и опремена бања, а на другиот дел се наоѓа доволно простор за работна соба и спална.

Сето тоа е соодветно опремено со неопходните елементи за секој да се чувствува удобно.  Покрај тоа, употребени се природни материјали, соларни панели и еколошки и економично корисни технологии.

Одлична идеја за вдомување на бездомните која може да прерасне во многу поголем проект и да стане популарен начин за рекламирање и истовремено покажување на општествена одговорност.

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
Трендови за уредување кои изгледаат убаво само на Инстаграм (и не се воопшто практични) Ако сакате многу растенија во домот, не заборавајте дека ќе треба и да се грижит...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава