Бабини рецепти за чист и уреден дом


Бабини рецепти за чист и уреден дом

Бабите секогаш знаат како да ја сочуваат белината на алиштата, да ги отстранат дамките и да ги негуваат нежните ткаенини.

babini-recepti-za-cist-i-ureden-dom-1

Сигурно и вие досега сте научиле некој трик за полесно и поедноставно чистење на домот кој ви ја олеснува целата работа.

Овие неколку вештини и совети ќе ви помогнат дополнително во одржувањето на домаќинството, а доаѓаат директно од нашите мајки и баби:

1. Плетените работи перете ги на рака, во спротивно ќе добиете туткано ќебе.

2. За кадифените материјали повторно да сјаат протријте ги со четка и сол.

3. Гумата за џвакање без проблем ќе ја извадите од облеката ако парчето облека го држите во фрижидер еден час.

4. Пожолтената јака исчистете ја со паста за заби или оцет кој прво ќе го втриете на материјалот, па потоа ќе исперете.

Нега за чувствителни ткаенини:

- Волнените работи ќе останат меки доколку во претпоследното перење додадете оцет,  а во последното глицерин. Ако не сакате волнената облека да се собере, перете ја во млака вода без сапун.

- Вратете им ја убавината на темните волните работи на тој начин што ќе ги исперете со ½ литар млака вода и 10g чист тутун.

- Направете ја памучната облека водоотпорна со тоа што ќе направите смеса од 25ml глина и ½ литар топла вода. Парчето облека поминете го со четка навлажнета од смесата или потопете го целосно.

grandmother-laundry

Трикови за отстранување дамки:

- Дамката од чоколадо истругајте ја од ткаенината, а потоа поминете ја со алкохол и детергент.

- На дамката од црно вино ставете малку сол и 10 минути тријте го директно на ткаенината. Потоа отстранете ја солта и исчистете со лимон или раствор од лимон.

- Дамките од лепилото исчистете ги со сол, а потоа исперете со детергент.

- Восокот отстранете го на тој начин што прво ќе го истругате од материјалот, а потоа поставете весник и со помош на пеглата отстранете го останатиот восок.

washing-clothes

Како да ја сочувате бојата од ткаенината:

- Спречете го пуштањето на бои во машината за перење алишта на тој начин што при првото перење ќе додадете малку оцет.

- При перењето на шарени алишта мешањето бои можете да го спречите со додавање малку сол.

-Дамките од ткаенините кои не пуштаат бои можете да ги отстраните со средство кое ќе го припремите од 15грама сол и ½  литар шпиритус.

Што да направите со дамките од пот?

Постои одлично средство за отстранување на дамките од потта, кое можете да го направите самите. Помалку чувствителните ткаенини потопете ги во млака вода со претходно растворена сол, а за нега на чувствителните ткаенини ќе ви помогне овој рецепт:

Состојки:

  • Една кафена лажичка шпиритус
  • ½ кафена лажичка салицилна киселина

Упатство:

Помешајте ги состојките и нанесете ги директно врз дамките од потта. За белите ткаенини употребувајте раствор од боракс. После тоа, исперете ја ткаенината со ладна вода.

Сличен рецепт постои и за дамките од трева, а нив можете да ги отстраните со помош на малку шпиритус или чист алкохол со кој ќе капнете директно на дамката. Потоа исперете со сапуница. Во ниеден случај на дамките од трева не им пристапувајте само со вода бидејќи во тој случај ќе ја раширите дамката и оштетите ткаенината.

najbolji-trikovi-za-skidanje-fleka-sa-odeće

Уште неколку корисни совети:

1. Перената облека ќе биде уште помека ако при последното перење додадете малку сол или оцет.

2. Фротирските материјали потопете ги во жешка солена вода и оставете ги во текот на ноќта за темелно чистење.

3. Премногу валканата облека потопете ја во сода бикарбона, а потоа исперете ја.

4. Ако во прашокот за облека додадете малку прашок за печиво, вашите алишта ќе бидат бели како снег.

5. Спортските чорапи повторно ќе ја добијат својата белина доколку пред перењето ги ставите во ленена вреќичка заедно со едно парче лимон.

6. Шеширот кој го променил својот облик држете го над водена пареа, а потоа со прстите оформете го одново.

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: Фото докази за моќта на реновирањето Со промена на плочките, мебелот или некој детаљ од домот, тој може да изгледа ко...
Пред и потоа: Фото докази дека реновирањето прави чуда Бескорисното ќоше во вашата дневна соба или неупотребливата мала тераса може лес...
7 идеи како да го освежите ентериерот на вашиот дом оваа 2021 Инвестирајте во големи растенија, не се евтини, но ќе му дадат шарм на просторот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg