Генијална идеја: Зелени тревници наместо ѕидови во домот (фото)

Генијално уреден и освежен простор во кој има одлична замена за ѕидовите. Посебноста на овој простор се вертикалните тревници кои се имплементирани во просторот каде што се ѕидовите и ги освежуваат дневната соба и трпезаријата.

genijalna-ideja-zeleni-trevnici-namesto-zidovi-vo-domot-foto-01

Се создава вистински мир и релаксација со самиот поглед на нив.

Според архитектот самиот простор го одредува идниот дизајн на станот, а во овој случај креиран е соодветен животен простор според ограничувањата.

Како дел од станот во кој се наоѓа кујна и дневна соба има панорамски поглед на реката Днепар, кој дополнително ја нагласува уникатноста и убавината.

На ѕидовите покрај големите прозорци се поставени вертикални тревници направени од дрвени, метални и бетонски панели.

Оваа концептуална оаза во целост го променила изгледот на просторот давајќи му свежина и живост.

Поврзувањето на урбаната џунгла и природата е видливо од деталите како дрвените столчиња за кафе изработени од масивно дрво.

Остатокот од станот е поделен на две спални соби со бања и мала работна соба.

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...

Најчитани неделава