Фенг шуи правила за спокој во спалната соба

Древната кинеска вештина на уредување станува неверојатно популарна во светот, а нејзината тајна е во тоа што се труди да ја обезбеди максималната позитивна енергија во просторот во кој живеете.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-01.jpeg

Ако во последно време чувствувате несоници и негативни соништа, вреди да внесете спокој преку едноставните фенг шуи правила.

1. Не чувајте повеќе од 2 книги во спалната соба - тие ја стимулираат работата на мозокот, наместо да го одморат.

2. Обидете се да ги избегнете јанг боите, како што се златната и црвената. Тие ја стимулираат енергијата која е лоша за вашиот сон.

3. Отстранете ги сите електронски уреди од собата. Електромагнетната енергија е повеќе од штетна за вашето здравје и одмор.

4. Просторот над или во близина на гаражата никогаш не треба да биде предвиден за спална соба.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-2.jpg

5. Одржувајте ја собата уредна, без да претерувате со мебелот или сувенирите. На тој начин животната енергија чи ќе може непрестанато да минува низ неа.

6. Избегнувајте го поставувањето на украси со вода во спалната соба, затоа што по фенг шуи сите фонтани и аквариуми се сметаат за несреќа, па дури и за губење на богатството и благосостојбата.

7. Креветот не го ставајте до ѕидот кој ја дели спалната соба од бањата.

8. Бирајте еднобојна постелнина. Ако постелнината мора да има шари, избегнете ги геометриските принтови кои ја поттикнуваат негативната енергија и му пречат на вашиот одмор.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-1.jpg

Би можело да ве интересира:

5 „правила“ за уредување спална соба што може (и треба) да ги прекршите Ѕидовите на спалната не мора да имаат светла боја – темнозелените и темносините ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава