6 причини заради кои во вашиот дом владее негативна енергија

Иако домот треба да претставува место каде се собира целата позитивна енергија, некои луѓе не се чувствуваат доволно топло, пријатно и весело во него. Зошто?

6-pricini-zaradi-koi-vo-vasiot-dom-vladee-negativna-energija-01.jpg

Постојат најмалку 6 причини:

1. Во домот нема билки и цвеќиња

Домот без барем едно цвеќе не е дом. Зелените листови носат светлост и свежина во воздухот, па токму така можете да го вратите животот во просторијата. Фенг шуи стручњаците тврдат дека сосема доволен е бамбусот кој воедно носи и среќа.


2. Единственото осветлување е на плафонот

Ако во вашата дневна соба и кујна има осветлување само на плафонот, имате сериозен проблем. Задолжително збогатете го домот со ламби кои дополнително го осветлуваат просторот. Освен тоа што ќе имате поголема прегледност, атмосферата значително ќе се подобри.


3. Фокусна точка е телевизорот

Ако гледате во телевизор или компјутер пред да заспиете, автоматски си ги намалувате шансите за мирен сон. Доволна причина да ја преуредите спалната соба или дневната соба во која сигурно сите столчиња и целиот мебел гледаат накај телевизорот.


4. Трпезаријата ви е во сина боја

Ако ви се чини дека боите немаат врска со апетитот, се лажете. Сината боја го убива апетитот и е одличен сојузник ако сакате да ослабете, но ако се подготвувате за свечена вечера, сигурно не сакате гостите да не го допрат јадењето. Затоа, што побрзо обојте ја трпезаријата во друга боја.


5. Немате шарени детали

Кога бирате перничиња и тапети дајте си малку слобода. Помешајте го боите и дезените и дајте му на вашиот дом нов идентитет. Домовите кои се обоени само во една нијанса немаат место за позитивна енергија.


6. Чист влез

Фенг шуи стручњаците советуваат дека влезот на домот мора да биде чист за позитивната енергија да може да влезе. Не оставајте кеси, весници или ѓубре до влезната врата, а ходникот мора да биде растеретен и уреден. Само така позитивната енергија ќе го пронајде својот пат.

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...

Најчитани неделава