Љубов, пари и мир дома во 2015 година: Фенг шуи совети за уредување на 4 клучни точки

Фенг шуи дава совети за тоа како во домот да создадете добра енергија, така што овие области ќе ги освежите со бои и одбрани украси.

ljubov-i-mir-doma-vo-2015-feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-4-klucni-tocki-01

Доколку се придржувате до овие совети и ги уредите источната, северната, северозападната и југозападната страна по правилата на фенг шуи, очекувајте благосостојба, посилна љубов, подобра работа и хармонија во домот.

1. Северната куќа – енергија и богатство

Северното поле е најсреќно во 2015-та годинаи носи благосостојба, поради што треба најмногу  внимание да му посветите. Во овој дел внесете бои како розева, црвена, виолетова, портокалова и светложолта. Еден од ѕидовите обојте го во некоја од овие бои, а за дополнителна благосостојба и хармонија додајте украси како кристали и драги камења, аметист, цитрин и пирит.

ljubov-i-mir-doma-vo-2015-feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-4-klucni-tocki-1.jpg


2. Источна куќа – успех на работа

Источната зона е заслужна за напредокот во кариерата и добрата енергија и дома и на работа. Според Фенг Шуи, металот и водата се елементи кои треба да го исполнат ова поле. Затоа овој дел од домот обојте го црно, сино, сиво или бело. Во ова поле избегнувајте бои како црвена, виолетова, портокалова и силно розева. За украс посебно се препорачува, воден змеј.

ljubov-i-mir-doma-vo-2015-feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-4-klucni-tocki-2.jpg


3. Југозападна куќа – богатство

Оваа зона треба да ја исполните со свежо цвеќе, свеќи, среќни фотографии за и во иднина да уживате во доброто. Пожелно е да правите некои комбинации со бројот 9, на пример: 9 свеќички, 9 фотографии и сл. Како украс се препорачува кристално дрво во боја на аметист.

ljubov-i-mir-doma-vo-2015-feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-4-klucni-tocki-3.jpg


4. Северозападна куќа – љубов и образование

Во ова поле никако немојте да користите огнени или метални фенг шуи елементи и бои. Сината и црната се добри бои за ова поле, како и вибрантно зелени билки. Фигурата Чи Лин (полу змеј, полу коњ) е традиционален фенг шуи лек против негативната  енергија, но и свежото цвеќе е доста добредојдено за тоа. Додајте семејни фотографии и детали кои симболизираат љубов. За повеќе позитивна енергија и силна љубов може да ви помогнат фигурите на мандарински патки кои се симбол на верност во бракот.

ljubov-i-mir-doma-vo-2015-feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-4-klucni-tocki-4.jpg

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg