Новогодишен фенг шуи: Енергетски подароци за позитивна и хармонична година

Да се одбере подарок за некој кој навистина ви значи, а и тоа што ќе го подарите да има силна фенг шуи енергија, не е ни малку лесно.

novogodisen-feng-sui-6-energetski-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-01.jpg

Фенг шуи учителите направиле список со подароци кои можете да ги подарите на најблиските со цел да им пратите позитивна енергија и благосостојба во текот на целата наредна година.

Одберете го идеалниот подарок и израдувајте ги најблиските:

1. Хималајска кристална ламба

Одличен подарок за претстојните празници е токму хималајската ламба, а според фен шуи учителите оваа ламба ги отпушта негативните јони во воздухот и носи позитивна енергија во домот.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-1


2. Бамбус

Среќното дрво во фенг шуи е секако бамбусот и се смета за еден од најпопуларните „лекови” против негативната енергија во домот. Оваа билка можете да ја чувате секаде во домот, а таа ќе ви донесе мир, хармонија и среќа, а токму и затоа е идеален подарок за новогодишните празници.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-2


3. Црвен свеќник

Елегантниот свеќник во црвена боја е нешто што би требало секој дом да го има. Убавата црвена боја ќе направи добра енергија во домот и според фенг шуи учителите таа ќе ви обезбеди долг живот.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-3


4. Класичен фенг шуи подарок

Никогаш нема да погрешите со класичните фенг шуи подароци. Од украсите со Буда, кристално дрвце со пари, украсни желки, змејови и останатите фенг шуи фигури.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-4


5. Ламба во црно црвена нијанса

Одличен детаљ за во спалната соба е комбинацијата на црвено црната боја. Драматичната црвена и црна прават добар баланс и јинг јанг енергија, а овие празници се одличен изговор да внесете страст во спалната соба.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-5


6. Црвена сатенска постелнина

Идеален подарок за секој брачен пар е црвената сатенска постелнина, која исто како ламбата ќе внесе страст во спалната соба.

novogodishen-feng-shiu-6-podaroci-za-pozitivna-i-harmonicna-godina-6

Одбравте ли подарок?

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg