8 работи кои треба да ги има секој дом

Добро уредената куќа не се одликува со луксузен мебел, скапи предмети и  врвни материјали, напротив, квалитетот на домот не се одредува според буџетот, туку според вкусот.

8-raboti-koi-sekoj-dom-treba-da-gi-ima-01.jpg

Овие 8 работи во домот ќе ви покажат дека удобното и модерното може да одат заедно:

1. Совршен душек

Не постои ништо поважно од душекот на кој спиете секоја ноќ. Тоа е единствениот предмет во домот на кој не треба да штедите време и пари. Одвојте време и тестирајте неколку видови, се додека не го откриете оној кој најдобро му прилега на вашето тело.


2. Уметничко дело

Би требало да имате барем една слика или скулптура која ќе ја одрази вашата личност. Сликата или сувенирот не би требало да е скап, туку да означува некои спомени и да има приказна во себе.


3. Билки во домот

Зеленилото е важно во вашиот дом и тоа од повеќе причини. Не само што ќе го подобрат квалитетот на воздухот, туку и ќе го исполнат просторот со топлина и гостопримство. Ова е посебно корисно ако живеете во мал стан. Не се плашете цвеќињата да ги претворите во фокусна точка во домот.


4. Тренди парче

Не е тајна дека трендовите доаѓаат и си одат баш како и во модата, затоа добро е да одберете нешто евтино, а модерно и актуелно во моментот. Не вложувајте во скапи предмети и апарати, доволно е да излепите еден ѕид со тапети кои лесно се вадат, или да одберете поп арт дело над вашиот тросед. Саксиите во пастелни бои, перничките и малите сувенири секогаш носат модерни вибрации, а кога трендот ќе помине, лесно можете да ги замените.

8-raboti-koi-sekoj-dom-treba-da-gi-ima-1.jpg

5. Свеќи

Свеќите имаат природна способност да го претворат секој простор во смирен, топол и удобен. Не заборавајте дека вложувањето во квалитетни свеќници може значително да ја подобри целата атмосфера.


6. Нешто црно

Баш како што секоја жена мора да има мал црн фустан, така секој дом треба да има нешто црно. Тоа е отмено, никогаш не излегува од мода и се вклопува со сè останато. Не мора да додадете големо црнило во собата, доволни се само неколку мали акценти. Ова може да се однесува на неколку вази, акцентиран ѕид, или рамки за слики. Само внимавајте да не претерате!


7. Полица за книги

Таа е ѕид за бескрајни декоративни можности и ова е дефинитивно парче мебел кое секој дом мора да го има. Сепак, добрата организација е клуч за успех. Освен омилените книги, бидете храбри да додадете неколку сувенири, рамки со семејни фотографии, па дури свеќи. Избегнувајте го трупањето на сите книги на една полица. Наместо тоа, комбинирајте ги украсите со омилените корици.


8. Катче за опуштање

Секој дом би требало да има мирно катче за повлекување од хаосот и стресот. Одберете си некое ќоше во домот кое ќе го приспособите за мирно опуштање со добра книга, чај, или кафе. Потребна ви е само една фотелја, масичка, неколку книги и топло ќебе.

8-raboti-koi-sekoj-dom-treba-da-gi-ima-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашува... „Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржл...
10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
7 ситници во домот што гостите сигурно ќе ги забележат (и ќе раскажат на сите за нив) Сте се запрашале ли што е она што на гостите што доаѓаат во вашиот дом веднаш им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg