Идеи во последна минута: Како да ја декорирате масата за Божиќ?

По неколкуте дена поминати во купување, виткање подароци, средување, чистење и печење на колачиња, сигурно средувањето на масата не ви падна на памет.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-01.jpg

Не грижете се ако немате ништо купено, доволно е да го искористите она што веќе го имате дома.

Потребно ви е само малку време.

1. Завиткајте ги салветите со зимзелено гранче наместо со декоративен прстен.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-02.jpg


2.
Свеќите поставете ги на бела чинија, а околу нив наредете шишарки или гранчиња.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-03.jpg


3.
Ако немате елка во близина, ставете една поголема гранка во ваза и поставете ја на масата. По желба, може да закачите некој лампион, ѕвездичка или да ја пропрскате со вештачки снег.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-04.jpg


4.
Ставете неколку лампиони и украси во обична чинија.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-05.jpg


5.
Наместо цветен аранжман соберете се што ќе најдете во дворот и ставете го миксот од растенија во ниска ваза.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-06.jpg


6.
Пропрскајте го сезонското овошје со спреј во боја и искористете го како декорација.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-07.jpg


7.
Изработете сами централна декорација со свеќи од плетени суви гранки и неколку шишарки.

idei-vo-posledna-minuta-kako-da-ja-dekorirate-masata-za-bozik-08.jpg

Би можело да ве интересира:

7 ситници во домот што гостите сигурно ќе ги забележат (и ќе раскажат на сите за нив) Сте се запрашале ли што е она што на гостите што доаѓаат во вашиот дом веднаш им...
Мебел од ратан – летен хит кој ќе донесе свежина во домот (фото) Мебелот од ратан е хит за оваа пролетна и летна сезона и вреди да му дадете шанс...
Кул идеја од Маја од Охрид: Издлабени тикви како саксии за есен (фото) Идејата на Маја Гугоска од Охрид дефинитивно ќе ве инспирира и вас. Издлабени ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg