6 причини заради кои домот ви ја црпи енергијата и ве прави мрзеливи

Кога и да влезете дома чувствувате опаѓање на енергијата, поспаност и мрзеливост? Време е да размислите што ве прави депресивни и меланхолични.

6-pricini-zaradi-koi-domot-vi-ja-crpi-energijata-i-ve-pravi-mrzelivi-01.jpg

Домот треба да биде место на кое ќе се чувствувате најудобро и најсреќно.

Затоа, ако до сега сте направиле некоја од овие 6 грешки, време е да ја поправите.

1. Саксија со цвеќе која не се гледа

Зелените листови внесуваат живот во вашиот дом, буквално. Воздухот многу брзо ќе се прочисти ако наредите повеќе цвеќиња и билки покрај прозорецот. Плус, истражувањата покажуваат дека домашните билки го намалуваат нивото на стрес.


2. Единствен извор на светлина ви е сијалицата на плафонот

Ако се потпирате на светлината која доаѓа од плафонот, тогаш сигурно живеете во темница. Таквото осветлување го прави домот тмурен и многу потемен отколку што треба да биде. Ламбите секогаш се од голема помош. Плус, отворените ролетни преку ден внесуваат огромна топлина во домот.


3. Централната точка во спалната соба е телевизорот

Лежењето пред екран може да го измести вашиот сон и распоредот на денот. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека паровите кои во спалната соба имаат телевизор имаат двојно помалку секс од останатите.

6-pricini-zaradi-koi-domot-vi-ja-crpi-energijata-i-ve-pravi-mrzelivi-4.jpg

4. Вашиот ходник наликува на остава

Импровизираниот плакар може да биде практичен, но треба да си ги подигнете стандардите ако сакате да си ја сочувате енергијата. Вратата мора да се отвора ширум, да не удира во ништо и да не налетате на куп чевли и чадори штом ја отворите.


5. Трпезаријата ви е обоена во сино

Одредени нијанси на сината боја може да делуваат прилично студено. Плус, сината боја го уништува апетитот. Тоа во секој случај е добро ако сакате да ослабете, но не и ако имате пријатели на ручек.


6. Прениско закачени завеси

Завесите би требало да паѓаат од врвот на плафонот, а не од врвот на прозорите. На тој начин просторот нема да изгледа тесно и мало, а завесата нема да ја блокира природната светлина.

6-pricini-zaradi-koi-domot-vi-ja-crpi-energijata-i-ve-pravi-mrzelivi-002.jpg

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 „правила“ за уредување спална соба што може (и треба) да ги прекршите Ѕидовите на спалната не мора да имаат светла боја – темнозелените и темносините ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...

Најчитани неделава