Корисно: Какви бои да користите во домот за да изгледа поголем?

Заборавете на правилото за исклучиво бели ѕидови и што помалку мебел за да добиете поголем простор. Време е да си поиграте со боите и дезените во домот!

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-001.jpg

1. Пластичниот или стаклен мебел ќе создаде визуелно поширок простор, а домот нема да ја загуби функционалноста. Поставете проѕирна масичка на средината на собата или столчињата во трпезаријата нека бидат пластични и безбојни.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-01.jpg


2. Ако сакате да додадете малку боја, одберете силни и светли нијанси. Ова е најпаметниот начин на кој можете визуелно да го проширите просторот. Ако еден ѕид обоите со црвена или портокалова боја, тој најлесно ќе ви ги прелаже очите за вистинската димензија на собата.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-02.jpg


3. За минијатурните соби, сивата боја е одличен избор - таа додава доза на елеганција и едноставност. Само внимавајте да не претерате со темните нијанси кои го имаат спротивниот ефект.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-03.jpg


4.
Вистина е дека темните бои ја апсорбираат светлината, но имаат способност да го трансформираат просторот во многу поголем. Одбирајте темно дрво, црни детали, боја на вино или завеси во кобалтно сина боја.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-04.jpg


5.
Ако сакате да заштедите кога ги боите ѕидовите или едноставно не смеете да се опуштате затоа што станот е изнајмен, беспрекорната белина е секогаш добар избор. Недостатокот на бои ќе ја осветли собата и ќе го отвори просторот.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-05.jpg


6. Но, без разлика за која боја и да се одлучите, додадете црни акценти. Со тоа што одредени делови од собата се затемнети, до израз доаѓаат сите останати бои и елементи.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-06.jpg


7.
Исто како со облеката, вертикалните линии ќе ја издолжат и зголемат собата.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-07.jpeg


8.
Уште еден интересен начин да си поиграте со очите и визуелниот ефект се нестандардните линии. Прекршете ги стандардните правила и бидете креативни. На пример, обојте ја вратата дијагонално како на фотографијата. На тој начин кога ќе биде отворена изгледа како декорација во собата и не зафаќа толку голем простор.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-08.jpg


9.
Искомбинирајте повеќе дезени и ставете ги во фокусот. Не штедете на формите, само задржете се до истата палета на бои за да изгледа поуредно.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-09.jpg


10. Ако во било која соба ви недостасува светлина, додадете ја бојата на сонцето. Жолтата прекривка, перничињата и акцентите на полиците ќе го осветлат просторот.

korisno-kakvi-boi-da-koristite-vo-domot-za-da-izgleda-pogolem-10.jpg

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg