7 совети за уредување на домот кои добро ќе ви дојдат

Уредувањето на домот со стил и не е така лесно како што си мислат сите, бидејќи постојат трикови и совети кои се корисни за уредувањето биде перфектно, но не секој ги знае.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-8

Запознајте се со овие 7 совети кои добро ќе ви дојдат доколку планирате наскоро да го преуредувате домот, или едноставно само сакате да промените нешто што не ви се допаѓа.

Бојата на sидовите се одбира последна

Бидејќи зависи од бојата на мебелот, сликите во домот како и деталите кои го красат, се препорачува бојата да се избере последна откако веќе сте ги избрале претходните детали.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-1

 
Помалку е подобро

Пренатрупан мебел дури и во голем простор делува неудобно и неуредно. Затоа следете го правилото помалку е подобро, бидејќи делува средено и елегантно.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-2

 
Висечките украси поставете ги на правилна висина

Висечките украси како што се лустерите никогаш не треба да ви пречат во движењето низ собата. Секогаш одбирајте да бидат поставени на поголема висина од вашата.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-3

 
Сè или ништо кога станува збор за шари

Кога некаде одлучувате да ставате килим со шари, не двоумете се и направете ја целата соба во тој стил. Правилото за уредување кажува сè или ништо кога станува збор за шари, во спротивно би делувало невкусно.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-4

 
Нека не ви биде домот клише

Не гледајте ги парчињата мебел поставени во салоните, бидејќи вашиот дом сигурно нема иста форма како салонот. Уредете го просторот по ваш вкус, не бирајте секогаш клише, освен кога се работи за универзален мебел кој мора да биде поставен како што е купен.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-5

 
Изберете мебел центар во собата

Изберете маса, украс или камин кога станува збор за украсување и нека истиот биде центар во собата според кој ќе се ориентирате како да ги украсувате и поставувате работите.

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-6

 
Бидете креативни кога станува збор за боите

Не плашете се да вметнете голема количина од омилената боја при уредувањето, бидејќи сепак се работи за вашиот дом во кој ќе го поминувате поголемиот дел од времето.

Доколку сакате целосно розова спална соба, купете целосно розов мебел, прекривки, завеси...

7-soveti-za-ureduvanje-na-domot-koi-dobro-ke-vi-dojdat-7

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...

Најчитани неделава