Како да ги поправите вдлабнатините од дрвениот мебел?

Сигурно не ви е непознато како настануваат вдлабнатините на дрвениот мебел, најчесто на масите. Токму заради тоа што лесно се прават, ни се чини како штетата да е непоправлива.

kako-da-gi-popravite-vdlabnatinite-od-drveniot-mebel-01.jpg

Наместо да давате пари за средства за полирање и да ги замаскирате овие дупчиња кои на крајот секако ќе бидат видливи, пробајте да ја изведете следнава постапка.

Резултатите се толку извонредни, што нема да им верувате на сликите сè додека не пробате.

Потребно ви е парче хартиена крпа, пегла и вода.

kako-da-gi-popravite-vdlabnatinite-od-drveniot-mebel-02.jpg

На местото каде што дрвото има дупка, ставете вода, па потоа ставете ја хартиената крпа.

Откако крпата добро ќе се намокри, поминете со пеглата повеќе пати додека целосно не се исуши.

kako-da-gi-popravite-vdlabnatinite-od-drveniot-mebel-03.jpg

Тргнете ја крпата и уверете се во магијата.

kako-da-gi-popravite-vdlabnatinite-od-drveniot-mebel-04.jpg

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...

Најчитани неделава