Фенг Шуи правила: Каде не смее да стои огледалото во домот?

Огледалото е одраз на она што се огледува во него. Токму затоа внимавајте каков е одразот на огледалото во вашиот дом. Тој или ќе ја зголеми позитивната енергија или сериозно ќе ја попречи.

feng-sui-pravila-kade-ne-smee-da-stoi-ogledaloto-vo-domot-01.jpg

Ова парче стакло изобилува со симболичко значење уште многу одамна. Состав е на разни митови, легенди и приказни. Во секојдневната употреба има сестрана функционалност и значење.

Огледалото рефлектира енергија и ја привлекува и зголемува светлината во просторот. Како дел од ентериерот може да ги отвори темните делови и просторот да направи да изгледа поголем и пораскошен.

feng-sui-pravila-kade-ne-smee-da-stoi-ogledaloto-vo-domot-1.jpg

Огледалата според Фенг Шуи се користат за зголемување на просторот и за позитивна енергија. Огледалото е средство за забрзување и пренасочување на чи енергијата која се користи за исправање на неправилностите во просторот како и за активација на текот на позитивна енергија во домот. Доколку го поставите погрешно тоа ќе ја отргне позитивната енергија од вашиот дом.

Некои од забраните за тоа каде смее или не смее да се постави огледалото и кои се препорачува да се почитуваат се:

feng-sui-pravila-kade-ne-smee-da-stoi-ogledaloto-vo-domot-2.jpg

1. Никогаш не смее да бидат сместени така да создаваат директен одраз на некои од вратите во куќата. Тоа е така затоа што, онаа позитивна енергија која треба да ја пратат во домот, ја испраќаат надвор од домот.


2.
Не смеете да ги поставите така да ги одразуваат тоалетот и кујната.


3.
На него не треба да се огледуваат канти за ѓубре, насобран неред или нечистотија од било каков вид.

feng-sui-pravila-kade-ne-smee-da-stoi-ogledaloto-vo-domot-3.jpg

4. Доколку е поставено во спалната соба, предизвикува расправии и недоразбирања меѓу сопружниците, па дури и вонбрачна афера.


5.
Без разлика на тоа дали е на кровот, ѕидот или орманот, доколку огледуваат некоја личност додека спие може да предизвика болест кај личноста која се огледува. Симболички одразот на личност која спие е како да е мртва, токму затоа може да создаде и да собира штетна енергија која предизвикува појава на болести. Ако не сте во состојба да го тргнете огледалото од спалната соба, тогаш прекривајте го со чаршав додека спиете.

feng-sui-pravila-kade-ne-smee-da-stoi-ogledaloto-vo-domot-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава