5 начини на боење на ѕидовите кои визуелно го зголемуваат просторот

Кога паричните можности ни се многу мали, а сепак посакуваме да го преуредиме домот тоа најдобро може да се стори со менување на боите на ѕидовите.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-01.jpg

Играњето со боите претставува одличен и ефтин начин за декорирање на малиот стан. Меѓу другото постои и уште една предност - доколку не ви се допаѓа експериментот слободно може да ја промените бојата.

Постојат неколку начини на кој можете малиот простор визуелно да го промените и да направите да изгледа како да е поголем. Потребни ви се само нови бои и малку креативност.


1. Ефектот на придушени и светли нијанси

Боите кои не се прејаки, но исто така не се ни пребледи се одличен избор за уредување на малиот простор. Станува збор за тонови во кој белата боја има големо влијание. На пример, наместо темно виолетова може да се одлучите за „лаванда“ боја која е посветла нијанса и е ублажена со белата боја. Бојата ќе ви создаде мирна атмосфера и визуелно ќе ги „одвои“ ѕидовите.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-1.jpg


2. Бои на необични места

Одлучете за неколку нијанси потемни бои или целосно контрасни на неколку необични места. Просторот под полиците или околу прозорите можете да обоите со потемна нијанса и на тој начин ќе дадете визуелна широчина на просторот.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-2.jpg


3. Контрастни ѕидови во различни бои

Оваа идеја не е омилена кај дизајнерите на простори, но доколку имате мала квадратура најдобро можете визуелно да ја зголемите доколку обоите еден ѕид во некој потемна или контрастна боја.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-3.jpg


4. Детали претопени во боите на ѕидовите

Различните бои на ѕидовите успеваат да го „зголемат“ просторот но, имате уште една можност. Истите тонови на боја на деталите и ѕидовите ќе го соединат просторот.

Токму затоа, можете слободно да се одлучите за неколку перничиња или покривачи кои ќе бидат иста боја со ѕидовите кои ги имате во домот.

Оваа дизајнерска игра е одличен идеа за уредување на малиот простор.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-4.jpg


5. Простор со риги

Уште еден начин за боење на ѕидовите во малиот простор е со играње на боите на ѕидовите на тој начин што ќе ги направите во риги. Ригите визуелно може да го издолжат просторот ако ги поставите вертикално. Ова е одлична идеа доколоку висината на просторот е многу мала. За зголемување и проширување на просторот можете да ги поставите хоризонтално.

5-nacini-na-boenje-na-dzidovite-koi-vizuelno-go-zgolemuvaat-prostorot-5.jpg

Би можело да ве интересира:

9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg