5 брзи идеи како да направите нешто ново во домот
Секогаш при декорација на мали простори треба да се внимава просторот да не се преоптерети со мебелот и украсите кои се користат.

Во прилог имаме неколку интересни и корисни совети за декорирање на малиот простор.
1. Натписи во шарени бои на ѕидовите
Привремените натписи покрај тоа што изгледаат добро може и да ве инспирираат секогаш кога ќе ги погледнете. Залепете шарени траки во облик на мотивациони натписи, цитати, мисли...

2. Ќош за правење колаж од омилените фотографии
Се што ви треба е мало катче во кое ќе ги ставите вашите убави мигови и сеќавања

3. Декорации од огледала
Огледалата прават просторот да изгледа поголем, што е бонус.

4. Уметност од стакло во боја
Украсувањето на стаклените површини со фолии, во домот може да внесе многу разиграност.

5. Средување на електричните кабли во различни форми
Понекогаш е потешко да ги скриете каблите отколку да ги покажете, а ова изгледа многу интересно и необично.

М. Д. | Црнобело