Од изгорена куќа до совршен дом: Кога архитектите ги надминуваат вашите очекувања

Кога реновацијата на домот ќе им ја доверите на професионалци не е ни чудо тоа што ќе го добиете како финален резултат целно да ги надминува вашите очекувања.

od-izgorena-kukja-do-sovrsen-dom-koga-arhitektite-gi-nadminuvaat-vasite-ocekuvanja-01.jpg

Овој реновиран дом во Сан Франциско е совршен пример за тоа. Доверен во рацете на Лорен Џеремија, таа успева од него да направи вистински мал рај во кој ќе можат да уживаат неговите сопственици.

Куќата претрпела пожар и била значително уништена, но сепак новиот сопственик знаел дека истата поседува извонреден потенцијал и дека и таа, слично како и фениксот, може да се издигне од пепелот во нешто сосема совршено.

Она што е задржано од првичниот дизајн е дрвениот под, а акцентот е ставен на осветлувањето и надополнувањето со природни материјали.

Во кујната поставена е плоча од црно-бел мермер со интересен природен дизајн во вертикални панели кои споени формираат суптилна но и практична основа.

Во дневната соба доминираа каминот надополнет со интересни скулптури и класичен мебел. Интересен детаљ низ кујната се апстрактните црно-бели принтови кои не го оптеретуваат просторот.

Уште еден интересен елемент се лебдечките полици полици покрај скалите кои служат како природна преграда но и го збогатуваат просторот.

Би можело да ве интересира:

Фотелја како гнездо и уште 5 парчиња мебел кои ќе доминираат во 2026-та Мебелот во неутрална, топла бела боја ќе доминира, но во комбинација со парчиња ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Пет причини зошто француските кујни изгледаат пријатно и убаво (дури и кога се хаотични) Во француските кујни, секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е во с...
9 мали (и евтини) детали што прават домот да изгледа раскошно и отмено Продукти за нега наредени во послужавник, убави чаши и големо уметничко дело на ...

Најчитани неделава