Како правилно да ги редите садовите во машината за миење садови? (видео)

Ако припаѓате на мнозинството луѓе, веројатно садовите ги ставате во машината за перење садови така да собере што е можно повеќе садови, без да внимавате на распоредот.

kako-pravilno-da-gi-redite-sadovite-vo-mashinata-za-mienje-sadovi-01.jpg

Но, редењето на садови без план ви прави дополнителен трошок - најчесто садовите не се измиени како што треба, па повторно ги миете.

За да си заштедите време и пари погледнете како правилно треба да ги редите садовите во машината за миење на садови.

Горната полица служи за редење на чашите, шолјите и помалите садови. Гледајте да не се допираат едни со други и да не спречуваат слободно движење на прскалката.

Долната полица е наменета за тавчињата, чиниите и приборот за јадење. Чиниите треба да ги редите паралелно насочени само кон една страна.

Приборот за јадење не треба да биде собран на едно место, туку да има простор за да се измијат убаво.

Поголемите лажици редете ги свртени надолу со големиот дел за да не ја заглават прскалката...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...
„Старински“ трендови за уредување кои повторно се хит Заоблен мебел, ѕидови со текстура, но и несовршени дворови кои изгледаат многу п...
Луѓе кои си ги претвориле балконите во удобно катче за сончевите денови (фото) „Ако имате мал балкон, има 3 работи со кои за малку пари ќе го трансформирате – ...
Застарени трендови за уредување што ќе ги оставиме во 2025 година „Милениумска сива“, студен минимализам и нефлексибилни простории со само една на...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...

Најчитани неделава