10 совети кои ќе го разубават просторот и визуелно ќе го зголемат

Без разлика на буџетот со кој располагате, вашата дневна соба може да изгледа луксузно. Најдоброто од сѐ е тоа што ќе вложите минимална сума пари, а од неа ќе произлезат големи промени кои ќе го воодушеват секој кој ќе влезе во вашиот дом.

10-soveti-koi-vizuelno-kje-go-razubavat-prostorot-i-vizuelno-kje-go-prosirat-01

 Ако имате мала дневна, а сакате да изгледа што е можно поголема, следете ги овие совети:

1. Обојте ги ѕидовите во светли бои

Бела, беж, светлосива... – светлите бои прават просторот да изгледа почист, посветол, попростран и ќе го подигне ентериерот на повисоко ниво.


2. Украсете ги ѕидовите со слики

Тапети и сликање на ѕидовите се апсолутно непотребни. Наместо тоа, купете слики кои ви се допаѓаат – дури не мораат да бидат скапи. Уште подобро, ако имате талент, насликајте ги сами или направете колаж. Слободно прескокнете го и трошокот за врамување – поставете ја сликата во блинд – рамка, директно на столче или полица.


3. Променете го осветлувањето

Ослободете се од досадните плафони и заменете ги со интересни лустери кои потсетуваат на кристали. Или вградете ниски светла и светилки над сликите. Ваквото осветлување ќе му даде модерна нота на вашиот стан, а ќе направите минимален трошок.


4. Декорирајте ги полиците

Променете го распоредот на книги и направете место за некоја интересна статуа, фигура, украсна кутија за накит или нешто друго. Уште подобра идеја, потрудете се да направите нешто сами.


5. Купете повеќе перничиња

Перничињата во разни бои и дезени ќе ѝ дадат комплетно нов изглед на вашата стара гарнитура.

Совет плус: Комбинирајте и мешајте различни принтови и различни бои – не се плашете да експериментирате.


6. Купете тепих

Иако можеби не сте обожавател на теписи, со помош на оваа инвестиција може да ги поврзете боите и да додадете текстура на домот.


7. Закачете огледала на ѕидовите

Огледалата визуелно ќе ја зголемат собата, а и ќе ѝ дадат доза на елеганција и шарм на собата. Едно големо или повеќе мали – изборот е ваш.


8. Поиграјте си со боите и направете контраст

Префарбајте само едно столче или мала масичка, но одберете нијанса која е надвор од фамилијата бои кои преовладуваат во вашата дневна.


9. Развеселете го домот со свежо цвеќе

Покрај свежо цвеќе секој простор ја добива топлината на домот.


10. Инвестирајте во завеси

Како и високите плафони, така и долгите завеси преку оптичка илузија го зголемуваат просторот, па затоа вреди да инвестирате во нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парчиња мебел и предмети за кои луѓето најчесто зажалуваат, според дизајнер на ентериер Немојте да купувате неквалитетна гарнитура само затоа што ви изгледа убаво бидеј...
Трендови за уредување што ќе исчезнат до 2026-та, според дизајнери на ентериер Дрвените панели може да изгледаат премногу монотоно, исто како и минималистичкио...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 кул решенија за малите кујни да изгледаат стилски и просторно Мали коцкести плочки во боја кои создаваат ефект на бесконечен мозаик, или комби...
Како да го претворите балконот во омиленото катче за летните ноќи (со само 5 работи)? Удобно место за седење, масичка и пријатно светло – не ви требаат многу работи з...

Најчитани неделава