Бидете поуспешни: Како да ја зголемите продуктивноста користејќи го работниот простор?

Како се чувствувате кога ќе ја погледнете вашата канцеларија? Мотивирани, подготвени да се соочите со предизвиците на денот или без желба за живот? 

bidete-pouspesni-naukata-otkriva-nacini-da-ja-zgolemite-produktivnosta-koristejki-go-rabotniot prostor-01

Ако вашиот работен простор ве онерасположува, науката претпоставува дека токму тоа е причината за недостатокот на продуктивност.

Новите истражувања покажуваат дека од бојата на декорот до позицијата на компјутерот, сѐ влијае на вашата брзина, спремност и работно задоволство. Ентериерните дизајнери дури започнуваат да ангажираат канцелариски антрополози за да создадат добра работна околина.

Ако сметате дека време е за промена тогаш, ова се 8-те совети кои ќе ви помогнат да ја вратите вашата продуктивност:

1. Заменете ја ладната светлина со топла

Не си замислувате, вистина е дека белата флуоресцентна светлина ви ја цеди продуктивноста. Плус тоа, докажано е дека ладните флуоресцентни светла го намалуваат степенот на подготвеност.

Едно истражување открива дека луѓето кои се изложени на топла, природна светлина се повеќе подготвени и полесно се концентрираат на тешките задачи на крајот од денот за разлика од оние кои биле изложени на ладна.

Ако немате пристап до природна светлина, тогаш надградете го просторот и инвестирајте во шик работна лампа.


2. Декорирајте го просторот според боите

Сите знаеме дека боите кои ги носите за на интервју можат да го променат начинот на кој ве перципираат, но истото е и кога се работи за канцеларијата.

Истражувањата предлагаат да го декорирате просторот со зелени акценти (кои поттикнуваат креативност) и сини (кои имплицираат на лојалност и доверба. 

Ако по природа сте несредени, тогаш стилизирајте го просторот во целосно бели тонови – тоа ќе ве натера да бидете организирани и да ги држете работите под контрола.


3. Направете дигитална чистка

Ако голем дел од времето го поминувате ѕверејќи се во екран, тогаш уредувањето на просторот треба да вклучува и дигитална фаза.

Мејловите се огромен извор на трошење енергија – едно истражување покажало дека луѓето трошат до 28% од нивната работна недела средувајќи мејлови.

За да ја вратите вашата контрола назад, одредете барем еднаш во неделата да правите дигитални чистки. Организирајте го влезното сандаче и отстранете ги непотребните фајлови од десктопот.


4. Прилагодете го столчето

Едноставното прилагодување на висината на столот може да има големо влијание врз вашиот работен ден. Поставете го така што вашето природно гледиште е на околу 5cm од врвот од компјутерскиот екран.

Осигурете се дека рацете ви се доволно оддалечени од екранот за да избегнете заморување на очите и поставете ја тастатурата така што рацете ви се свиткани под прав агол за да избегнете заморување на зглобовите. Исто така, постои и едноставен начин да избегнете умор од екранот.

Пробајте го правилото на 20-20-20: На секои 20 минути гледајте 20 метри подалеку од екранот најмалку 20 секунди. Ова ќе ги натера очите да се прилагодат и ќе ви помогне да останете сконцентрирани.


5. Персонализирајте
го просторот

Ако ви фалат лични предмети во работниот простор, науката тврди дека и тоа може да ви пречи додека работите. Едно истражување открива дека луѓето кои биле изложени на слики кои поттикнуваат среќни чувства,  биле дури до 12% попродуктивни отколку оние во стерилна средина.


6. Направете музичка плејлиста

Клучот до брзото завршување на тежок работен проект може да биде многу поедноставен отколку што мислите. Универзитетот во Мајами открива дека работниците кои слушале музика биле побрзи и дури имале покреативни идеи. Сепак, критичен е типот на музиката: за најдобри резултати, создадете музичка плејлиста со брзо темпо и без текст.


7. Создадете временски лимит 

Пишувањето на темелна листа на обврски е одличен начин продуктивно да го започнете денот. Но не запирајте на тоа – одете чекор понатаму така што листата ќе ја составите врз основа на приоритетот на задачите и создадете временски лимит за исполнување на секоја задача.

Самиот временски лимит ќе ви дозволи да го испланирате денот и ќе си создадете нови цели кон ќе се стремите. А можеби тоа е токму тоа што ви е потребно кога работите не функционираат како што треба.


8. Оживејте го просторот

Со самото тоа што ќе додадете растенија во просторот ќе ја зголемите продуктивноста за 15%. Кога станува збор за изборот на вазна или саксија, бидете модерни и минималисти. Одличен избор е безбојна стаклена цилиндрична вазна или клот бела керамичка саксија.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Ситници кои му даваат луксузен изглед на домот (а чинат малку пари) Предмети со тркалезна форма, декоративно огледало и различни текстури – како да ...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Кул Инстаграм профили што ќе ви дадат идеи како да му дадете полуксузен изглед на домот Доколку и вие сте од оние луѓе што редовно бараат инспирација за уредување на до...
Предлози за украсување со кои ќе внесете празнична магија во бањата (фото) На бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg