8 скандинавски лекции за уредување на домот во зима

Зимската меланхолија умее да биде поразувачка, затоа што просторот во кој живеете влијае на расположението. Скандинавците ги имаат најдобрите идеи како да се победи студот и изолацијата на ладната сезона.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-01.jpg

Соочени со долги зими и минимални сончеви денови, тие очигледно не го губат оптимизмот и естетиката кога станува збор за уредување на просторот.

Украдете некоја идеја од Скандинавија и стоплете го домот:

Нека има светлина

Бидејќи сончевите часови се кратки, скандинавските домови се дизајнирани да примаат што е можно поеќе светлина во текот на денот. Големи прозорци, што значи ослободете се од сите завеси, тешки пердиња и ролетни.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-02.jpg

Бел ентериер за природна атмосфера

Сте се запрашале ли зошто Скандинавците преферираат бели и земјени тонови во домовите? Белата боја на ѕидовите полесно „си игра“ со светлината во домот. Полираните сјајни површини исто така го помагаат чувството за рефлектирање на светлото. Стратешки закачете огледало веднаш наспроти прозорецот за повеќе светлина во студената зима.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-03.jpg

Додадете дрвени елементи

Без разлика дали станува збор за паркетот, мебелот или дрвени ѕидови, најдете начин да го вклучите овој природен елемент во домот. Топлина и удобност, како совршен баланс на студенилото и снегот.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-04.jpg

Зачинете ја атмосферата со свеќи

Особено за време на долгите зимски ноќи, свеќите даваат пријатна светлина и чувство на топлина и припадност во домот. Снабдете се со високи елегантни, како и оние пониските чаени свеќички и подготвено дочекајте ја ноќта.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-05.jpg

Донесете ја природата во домот

Скандинавците особено ја ценат природата и не постојат временски прилики кога некој би се откажал од утринскиот џогинг или прошетка. А, вообичаено сакаат да имаат и дел од природата во својот дом. Набавете огромно зелено растение кое ќе му даде живост и игривост на домот.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-06.jpg

Едноставен стилски мебел

Постојат неколку безвременски парчиња мебел, кои без оглед на декадата секогаш ќе бидат модерни. Типичен пример за тоа се дизајнерските столчиња на скандинавските архитекти, кои со својот минимализам создаваат смирена атмосфера.

Кога ќе се вратите дома со сите облечени слоеви и шалови на себе, сакате да уживате во чист и уреден дом без натрупани и непотребни додатоци.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-07.jpg

Перничиња и меки покривачи

Освежете ги просториите со нов сет перничиња и мек покривач кој ќе ви биде при рака секогаш кога сакате да си ги покриете нозете во зима. Скандинавците одлично ја сфаќаат потребата од мали детали за создавање нов и возбудлив простор. Особено ги ценат комбинациите на сиво, виолетово и бургунди нијансата.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-08.jpg

Трпезариска маса во центарот

Дали сте од оние кои го јадат ручекот „од нога“ или на малата масичка во дневна додека гледате вести? Скандинавците обрнуваат особено внимание на семејните дружби, со акцент на заедничко собирање на трпезариската маса.

Таму се споделуваат разговори, добра храна и пијалаци, каде што семејството се опушта, а долгите зимски ноќи не се исклучок. Време е да инвестирате во добра трпезариска маса и да ја ставите во употреба.

8-skandinavski-lekcii-za-ureduvanje-na-domot-vo-zima-09.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...

Најчитани неделава