10 грешки кои спречуваат домот да ви изгледа средено

Неред - нашиот најголем непријател во домот.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-1.jpg

Меѓутоа, никој друг не го прави нередот освен ние самите.

Затоа, побрзо поправете ги овие 10 грешки за безгрижно да уживате кога сте дома:

1. Не ги затворате полиците

Отворениот гардеробер само ви создава дополнителен неред во спалната. Најдобро е да го затворите и маскирате со врати.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-2.jpg

2. Ги чувате средствата за чистење на едно место

Мислиме дека собирањето на сите средства во едно шкафче е генијална идеја. Но, кога ќе дојде време за чистење на сите соби, ќе се изнашетате. Затоа, најпаметно е средствата да ги чувате во собата за која се наменети, со исклучок на спалната.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-3.jpg

3. Пластични џепчиња кои висат

Транспарентните материјали никогаш не се препорачуваат за средување на ситниците. Одберете големи корпи со убава боја и дизајн.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-4.jpg

4. Полици кои се надвор од дофат на рака

Колку повисоко се наоѓаат полиците, толку поголеми се шансите работите да ги оставите на дофат на рака, па така да ги натрупате површините кои се во линија на вашата висина, а полиците да останат празни.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-5.jpg

5. Многу закачалки на ѕид

Закачалките за на ѕид се практични, но не ако ги имате во изобилие. Тие не треба да ви го заменат гардероберот. Подобро ставете една метална шипка и на неа редете закачалки со облека, ако веќе немате место во гардероберот.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-6.jpg

6. Складирање на сезонската облека во картонски кутии

Во овој случај, транспарентите материјали ќе ви помогнат да не претурате и да не направите хаос барајќи ги зимските чизми.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-7.jpg

7. Не ги информирате останатите членови од семејството кога разместувате

Вчера сè беше средено, но децата преку ноќ успеале да растурат. Како? Зошто? Веројатно бидејќи не сте им кажале каде е новото место на работите кои им се неопходни.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-8.jpg

8. Одвикнете се од префрлањето на облеката на местата каде се седи

Потсетете се повторно на петтата потточка.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-9.jpg

9. Несоодветно комбинирани украси

Импулсивното купување домашни декорации може да ви го задуши домот. Купувајте ретко, но квалитетно. И во склад со претходно одбраниот стил.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-10.jpg

10. Само еден извор на светлина

Не се потпирајте на лустерот. Вградете неколку ѕидни сијалички и поставете ламби кои ќе создадат потопла атмосфера.

10-greski-koi-sprecuvaat-domot-da-vi-izgleda-sredeno-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Модерни детали кои треба да ги избегнувате кога го реновирате домот Керамички мијалник во кујната и чешми од темни метали се само дел од модерните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg