Идеи за преуредување на кујната во само еден викенд

Кој рече дека поправањето или уредувањето на домот треба да биде тешка, долга и напорна задача?

10-idei-za-preureduvanje-na-kujnata-vo-samo-eden-vikend-01.jpg

За комплетно да го трансформирате домот, посебно кујната, не ви требаат многу пари, ниту пак многу одвоено време.

Погледнете ги овие споредби и ќе сфатите дека за реконструкција не треба многу, туку само малку трпение и фантазија:

1. Пребојување на дрвените делови од куната во подискретни бои

Ова посебно важи за сивата, која може да направи кујната да изгледа модерно, елегантно и едноставно.

2. Играње со контрастни бои

Горните шкафчиња можете да ги замените со отворени полици и целата кујна да ја обоите во две контрастни бои.

3. Боење на шкафчињата во иста боја со плочките

Најубаво е истите да бидат во бела или некоја посветла боја.

4. Додавање на контраст и светлина

Додавањето на светлина под различни агли прави кујната да изгледа поубаво.

5. Потенцирање на работната површина

Работната површина најубаво изгледа ако е јасно видлива за разлика од останатиот простор од кујната, посебно ако станува збор за светла кујна.

6. Замена на шаренилото со едноставни бои

Кујната секогаш изгледа поубаво, ако во неа нема повеќе од 2 бои.

7. Давање живот на кујната

Боењето на долниот дел од кујната во темна нијанса и на горниот во светла нијанса, дава живост на просторот.

8. Иста кујна, различни бои

Ако добро ги погледнете двете фотографии за споредба ќе ви стане јасно дека станува збор за истиот мебел – само бојата е променета.

9. Давање втора шанса на стариот мебел

Стариот мебел не изгледа убаво, но со малку боја, стругање и дотерување, може да изгледа како нов.

10. Правило за тапетите – никако не ги употребувајте во кујна

Заборавете на старите тапети и истите заменете ги со едноставни комбинации на бои.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава