IKEA: 30 идеи за дворот или терасата (фото)

Без оглед на тоа дали живеете во стан или куќа, мебелот на шведскиот бренд е лесно да го прилагодите на екстериерот.

ikea-30-idei-za-dvorot-ili-terasata-foto-1.jpg

Со доаѓањето на сончевата сезона, најмногу ѝ се радуваме на преселбата од ентериерот во екстериерот на домот. Навистина, зошто би седеле внатре, кога може да уживаме во убавото време надвор?

За да oпуштањето на отворено биде максимално пријатно, потребно е и добро да го средите дворот или терасата, а во согласност со вашиот вкус, желби и потреби.

Сепак, декорирањето на надворешните површини може да биде предизвик: потребен ви е издржлив мебел, убав дизајн, релаксирачки и комфорни парчиња, а доколку просторот со кој располагате е со мали димензии, тогаш неговото уредување е уште потешко.

За среќа, никогаш не ни недостасуваат убави идеи, ниту решенија, а многу од нив се засноваат и на асортиманот на IKEA. Шведскиот бренд е познат по производството на едноставни, стилски и безвременски парчиња мебел и детали, кои лесно се вклопуваат во мноштво различни простори и амбиенти.

Во продолжение, ви споделуваме 30 примери за уредување на дворот или терасата, каде главната улога ја имаат најпрепознтливите, или некои помалку познати производи од понудата на IKEA.

Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената инспирација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава