Пролетен аранжман: Вази со шарен песок за сукуленти и кактуси

Терариум во превод означува стаклен сад, вообичаено за чување и негување мали копнени животни. Но, ваквите стаклени садови претставуваат одлична основа за едноставен проект кој ќе го разубави вашиот дом.

Shareni-vazni-so-pesok-vo-boja-i-sukulenti-za-proletno-razubavuvanje-na-domot-01.jpg

Сè што ви е потребно е песок или прав во неколку различни бои, сукуленти по избор и стаклен сад или вазна.

Едноставно поставете го сукулентот кој е во својата оригинална саксија во средината на вазната или поголемиот стаклен сад и исполнете го остатокот од празниот простор меѓу двата сада со песок во боја, декоративни камчиња или школки.

Изгубете се во убавината на мешање песок во различни бои онака како што посакувате.

Слоевитото нанесување песок е наједноставен метод, а оние повештите може да се обидат да направат дури и некоја форма, како на пример птица.

Терариумите исполнети со песок во боја и сукуленти изгледаат одлично поставени покрај прозорците или пак на клуб масата. Развеселете го домот со одлична комбинација на шаренило и зеленило.

Погледнете го видеото со инструкции за изработка и фотките за малку инспирација:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава