Кое парче мебел ќе ви го препорача секој продавач во IKEA?

Маркус Енгман, главниот дизајнер на шведскиот производител за мебел, IKEA, открива кое парче мебел зазема посебно место во нивната 70-годишна работа.

koe-e-parceto-mebel-koe-kje-vi-go-preporaca-sekoj-prodavac-vo-ikea-01.jpg

Мебелот на IKEA е толку популарен и широко распространет низ целиот свет, што сигурни сме дека дома имате барем едно парче мебел со потпис на оваа компанија.

Во морето на производи кои ги има лансирано IKEA за време на своето 70-годишно постоење, еден производ зазема посебно место.

Во едно интервју, главниот дизајнер Маркус, вели дека најдобриот производ на IKEA е двоседот „Klippan loveseat“.

Кариерата на Енгман со оваа компанија се поврзува уште од далечната 1983-та година, а двоседот за кој зборува, зазема посебно место во неговото срце со оглед на тоа што во `70-тите го дизајнирал неговиот татко.

„Се сеќавам кога дома го донесе овој двосед, а јас и мојата сестра го тестиравме“ - вели Енгман.

Според него, главни атрибути на ова парче мебел се едноставноста, достапната цена и можноста да се прилагоди на потрошувачот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет трикови за уредување со кои ќе му дадете француски шарм на домот Долги завеси, винтиџ мебел и суптилни златни детали. Долги завеси, винтиџ меб...
Фотелја како гнездо и уште 5 парчиња мебел кои ќе доминираат во 2026-та Мебелот во неутрална, топла бела боја ќе доминира, но во комбинација со парчиња ...

Најчитани неделава