Како да го организирате просторот: 3 совети на Клое Кардашијан

kako-da-go-organizirate-prostorot-3-soveti-na-kloi-kardashijan-2.jpg

Доколку сте фан на популарното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, можете да посведочите на фактот дека Ким, Кортни и Клое се девојки кои се организирани исто толку колку што се познати.

Клое дури и често знае да каже збор-два за својата опсесивна посветеност кон чистењето, организирањето и реорганизирањето. „Јас сакам да организирам сè колку што е можно повеќе“, објаснува таа.

Најмладата Кардашијан му приоѓа на организирањето на предметите со еден толку студиозен пристап што таа е подготвена и да дава совети.

Во продолжение прочитајте кои се омилените трикови за организирање во домот кои ги применува Клои Кардашијан:

Прегради за фиоки

Според Клоe, преградите за фиоки се нешто што и заштедува многу време. Таа најчесто ги користи за сместување на своите ремени.

Кутии за накит

„Ова е веројатно најдобрата работа што ја имам откриено до сега“, објаснува Клое. Таа користи кутии со прегради и секое парче накит го складира посебно. На тој начин не доаѓа до оштетување и потемнување на ланчињата и привезоците.

Оптимизирајте го просторот за закачување

„Тенките закачалки знаат навистина да помогнат при организација на плакарот“, објснува Клое. „Ова е одличен начин за заштеда на просторот, а истовремено ќе успеете да ја заштитите облеката од истегнување и гужвање“, додава таа.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Пет трикови за уредување со кои ќе му дадете француски шарм на домот Долги завеси, винтиџ мебел и суптилни златни детали. Долги завеси, винтиџ меб...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...

Најчитани неделава