Постои разлика меѓу уредно и чисто: Како дома сѐ да ви е под конец?

Сите ние имаме некој пријател (или пак можеби вие сте тие) што во домот одржува совршен ред.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-01.jpg

Одите на гости, влегувате во домот и сѐ е наредено под конец, нема натрупани работи, претерано многу украси, а мебелот сјае.

Сигурно си помислувате дека за тоа е потребно да се има посебен талент, или барем да се наследи таквиот тип на педантност.

Сепак, не треба да имате никаков посебен талент за домот да ви е среден, ниту пак тоа е наследно.

Само треба да се држите до одредени правила, а овие трикови ќе ви помогнат во тоа:

Разлика помеѓу уредно и чисто

Домот може да биде совршено исчистен од прашина, но нема да изгледа така ако сите површини се преполни со други работи – играчки, облека, книги, документи...

Домот треба да биде среден, добро организиран и да нема непотребни работи во секој дел, а не да биде во целосен хаос, а без прашина.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-02.jpg

Вишок непотребни работи

Тешко е да се замисли ред во дом во кој се чуваат еден тон непотребни работи. Не чувајте дома сѐ што ќе најдете во сандачето или ќе ви поделат на улица.

Не купувајте 4-ти сет на чаши само затоа што биле на попуст, а дома немате каде да ги чувате. Не купувајте друга столна ламба ако немате што да и правите на старата. Ова важи за сите предмети во домот.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-03.jpg

Простор за чување на работите кои не се на место

Никој не  е совршен. На сите ни се случува да растуриме и да оставиме нешто каде што не му е место. Но, во случај на ненајавени гости, немате многу избор и време за раскревање.

Затоа обезбедете си кутија или шкафче во секоја просторија каде што ќе можете да ги ставите работите привремено пред да ги вратите на свое место.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-04.jpg

Проверете го нередот пред да излезете од соба или дома

Стекнете навика кога си одите од собата или кога поминувате низ дневната соба, да соберете сѐ што не е на свое место. Без разлика дали се работи за чаши кои треба да се измијат, чанта, книги или облека – вратете ги на место.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-05.jpg

Релаксирајте се во средена околина  

Друга навика која треба да ја стекнете е кога ќе се вратите дома да не ви биде тешко прво да подраскренете, па потоа да легнете да одмарате или да гледате филм. Така повеќе ќе уживате бидејќи ништо нема да ви „тежи на грб“ обврската и хаосот.

5-tajni-od-profesionalcite-za-socrsheno-sreden-dom-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки поради кои лесно ви се појавува влага во домот Влагата не е редок проблем во домот, но она што предизвикува големо чудење кај с...
10 работи кои инстантно ви го прават домот несреден За повеќето од нас, домот е рефлекција на карактерот на домаќинот, па сите сакам...
Економичен начин да внесете гламур во домот – декорации со суви цветови (фото) Иако според фенг-шуи филозофијата, сувите цветови не се добра идеја за домот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg