Црно индиго - Боја која ќе доминира во ентериерот во 2018-та

Црно индиго е бојата за која оправдано се претпоставува дека ќе биде вистински хит во ентериерот во 2018-та година.

crno-indigo-boja-koja-kje-dominira-vo-enterierot-vo-2018-ta-01.jpg

Се работи за многу темна нијанса на сината боја, која речиси наликува на црна, но е сепак поблага и покомплексна.

Многумина се плашат да експериментираат со темните нијанси и ги избегнуваат, но време е тоа да се промени и да се почне од некаде.

Во оваа боја можете на пример да обоите два ѕида, или само столбови, а секако можете да си поиграте и со мебелот или деталите во домот, па дури и со елементите во бањата.

Исто така можете да експериментирате и со плочките во кујна, а ако сепак не сакате да избрзувате, почнете со ситни детали како пернички, рамки за слики, свеќници и украси.

Црпете идеи од овие ентериери:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та Тиркизна и сива за бањата и спалната соба, како и боја на сенф и темносина за во...
Фотелја како гнездо и уште 5 парчиња мебел кои ќе доминираат во 2026-та Мебелот во неутрална, топла бела боја ќе доминира, но во комбинација со парчиња ...

Најчитани неделава