Што е ИН, а што АУТ во декорирањето на домот оваа есенска сезона 2017?

Секоја нова сезона вообичаено носи нови трендови на уредување на домот.

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017-01.jpg

Сите кои се грижите за домот и сакате редовно да правите промени со цел вашето куќно прибежиште да изгледа свежо и во тренд, задолжително прочитајте што велат дизајнерите за оваа топла есенска сезона.

Што е ИН, а што е АУТ кога се работи за внатрешниот ентериер? Како да го направите домот поудобно и поубаво место за живот излезено како од каталог?

За успешна трансформација на домот, следете ги следните совети:

АУТ:

Сите парчиња и додатоци од вистински мермер, па дури и оние кои имитираат мермерна шара се аут оваа сезона, како и сјајните елементи во боја на бронза.

Навистина не ви е потребна уште една монотона еднобојна постелнина која го прави креветот здодевен и депресивен. Истото важи и за генеричките гарнитури за седење кои не содржат ниту еден возбудлив елемент во дизајнот, како и за целосно белите ентериери кои прават собата да изгледа стерилно и празно.

Сликовито, ова е сè што треба да исфрлите од домот оваа сезона или барем да го трансформирате во нови возбудливи парчиња мебел:

Целосно бели ентериери

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (7).jpg

Мермерни додатоци за домот

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (6).jpg

Сјајни бронзени елементи

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (8).jpg

Стандарден генерички мебел

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (1).jpg

Досадни постелнини

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (9).jpg

ИН:

Ѕидовите во темно зелена боја и општо темните бои се вистински хит кога се работи за темата бојадисување.

Меките плишни материјали и покривачите кои имитираат чувство на лесни пердуви се во тренд, како и шарените комоди кои може да ги обложите со интересен дезениран тапет или пак рачно да ги исцртате.

Разните додатоци од дрвенести прачки нека го пронајдат своето место на ѕидот, теракота плочките во топла окер боја на подот, а задолжително додадете и малку руменило за крај: парчиња мебел во пријатна пудресто-розова нијанса.

Темно зелена боја

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (12).jpg

Удобни бајковити кревети

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (4).jpg

Плишни материјали

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (11).jpg

Текстура од дрвенести прачки

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (14).jpg

Елементи во боја на природно руменило

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017(15).jpg

Пердувести покривачи

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (16).jpg

Темни ѕидови

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (2).jpg

Интересни постелнини

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (5).jpg

Теракота плочки

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (10).jpg

Шарени комоди

Sto-e-in-a-sto-aut-vo-esenskoto-dekoriranje-2017 (3).jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава