14 идеи како да избегнете непрактичен ентериер во домот


14 идеи како да избегнете непрактичен ентериер во домот

Телевизор во рамка

Телевизорот не треба да биде сместен во луксузна рамка, напротив, треба да се обидете да го скриете, затоа што тој не е скапа слика од познат уметник. Обидете се да го скриете зад подвижен панел и да го отворате само кога го користите.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (8).jpg

Балкон како магацин

Доколку сте среќен сопственик на затворен балкон, немојте да го користите како остава, затоа што наместо тоа можете да добиете уште едно пријатно катче каде ќе можете да се опуштите навечер.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (7).jpg

Неуспешна камуфлажа

Доколку сакате да затворите нешто, завесата не е најдобра идеја, дури и ако е убава и скапа. Подобро е да направите лизгачки врати или пак да го оставите просторот отворен и да го организирате со отворени полици.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (6).jpg

Беж тонови

Најдобро е да ја оставите оваа боја во минатото. Преголемата употреба на беж тоновите ќе го направат ентериерот да делува како да нема карактер. Доколку сакате светли бои, тогаш одберете ги основните бои и нагласете ги со светли детали кои ќе им дадат акцент.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (5).jpg

Мебел со слика

Најверојатно ова е еден од дизајните од минатото којшто ефективно може да го убие кој било ентериер. Најдобро е да заборавите на овие фасади од мебел како на еден ужасен сон.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (4).jpg

Огромни ѕидови мебел

Овие ѕидови мебел или познати како регали, зафаќаат многу место и одземаат многу од просторот на собата. Исто така со текот на времето во нив се собираат многу непотребни предмети. Подобро е да одберете мали комодички, а телевизорот да го закачите на ѕидот.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (3).jpg

Туш кабина

Помина времето кога големите туш кабини се сметаа за шик. Сега можете многу полесно да ја организирате бањата, едноставно затворете еден агол со стаклена врата или стаклен панел и тоа е доволно, а така и ќе заштедите на простор.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (1).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Идеи како стилски да го уредите домот, без да потрошите многу Досега многупати сме ви докажале дека за да бидете добро облечени или за домот д...
Идеи за креативно катче во домот за сите љубители на кафе Малите катчиња за кафе се одличен и едноставен начин да ги направите кујната и д...

Најчитани неделава