7 чести грешки што се прават при реновирање на бањата

За време на реновирање на бањата, многу е важно да се води сметка за тоа какви плочки ќе ставите, бидејќи од нивниот квалитет и дезен зависи колку често ќе ја реновирате бањата.

7-chesti-greshki-shto-se-pravat-pri-renoviranje-na-banjata-01.jpg

Реновирањето на бањата е голем зафат, па затоа и се прави поретко споредено со преуредувањето на другите соби.

Покрај вградувањето на квалитетни цевки, правилен распоред на санитаријата, клучен е изборот на плочки, бидејќи тие не се менуваат така лесно. Всушност, менувањето на плочките кои не се веќе во мода, подразбира кршење и отстранување или лепење преку старите, што го смалува просторот и го отежнува наредното реновирање.

Бањата најчесто се реновира пред вселување, а процесот е прилично скап, па затоа треба внимателно да се избираат сите елементи и да не се прават грешки кои може многу да ве чинат.

7-chesti-greshki-shto-se-pravat-pri-renoviranje-na-banjata-02.jpg

Погледнете кои се најчестите грешки:

1. Преголеми плочки

Многу е важно керамичките плочки да бидат квалитетни и затоа на нив не треба да штедите. Честа грешка која се прави е обложувањето на ѕидовите со подни плочки. Имено, големите подни плочки треба да се поставуваат исклучиво во бањите кои се пространи, бидејќи во спротивно се добива ефект на пештера.

Исто така, на подните плочки се троши неспоредливо повеќе лепак и многу се потешки за отстранување.

Плус, ѕидните плочки никогаш не треба да ги ставате на подот бидејќи полесно пукаат, а исто така и многу се лизгаат, доколку се со сјајна и мазна површина.

Големината на плочките треба да се избира пропорционално со просторот, па затоа за помалите бањи и тоалети треба да се избираат помали или плочки со стандардни димензии или некои комбинации на плочки со мозаик.

2. Темни ѕидови

Во бањите најчесто се комбинираат два вида или две бои на плочки. Боите на плочките се избираат во зависност од големината на бањата, така што на ѕидот секогаш се поставуваат посветлите.

Во малите бањи мора да се поставуваат плочки со посветли нијанси, а доколку во средината на ѕидот попречно се постави ред на плочки кои се разликуваат од останатите, тоа ќе изгледа уште поголемо.

Можете да употребите неколку големини и бои, на пример едни кај шолјата или мијалникот, други на подот и трети на ѕидот. Секогаш избегнувајте темни плочки, бидејќи дамките од бигор се повоочливи отколку на светлите нијанси. 

7-chesti-greshki-shto-se-pravat-pri-renoviranje-na-banjata-04.jpeg

3. Вечна „мода“

Големи и мали, наредени по ред или како мозаик, мазни или немазни, сјајни или мат, еднобојни, шарени или во комбинации со бордури секогаш стремете се да изберете модел кој не е само во моментот модерен и кој за пет години ќе биде застарен.

7-chesti-greshki-shto-se-pravat-pri-renoviranje-na-banjata-03.jpg

4. Бела санитарија и крем плочки

Секогаш е најсигурно да избирате бела санитарија, бидејќи лесно се комбинира со сина, зелена, жолта и останатите бои. Меѓутоа, сега се модерни и сини мијалници од стакло, зелени кади и ормани од дрво, па затоа треба да внимавате секогаш да бидат во контраст со бојата на плочките.

Доколку санитаријата е бела, а плочките со неутрална боја, задолжително во бањата набавете декор кој ќе ја разбива монотонијата. Тоа може да бидат завеси за туш кабината, подните килимчиња или огледалото, кои всушност треба да бидат централен дел на бањата.

5. Мувлосани фуги

Мали фуги на плочките се добиваат само ако се изберат ласерски сечени плочки со рамни рабови. Доколку плочките се со заоблени рабови, фугите мора да бидат широки, барем два-три милиметри.

Фугите можат да бидат бели или кремасти, на кои за жал, неизбежно ќе се познава мувла. Имајте секогаш при рака средство за отстранување на мувлата, наместо да оставате таа да се шири.

6. Здодевна бања

И бањата треба да има некој детал кој ќе го отсликува духот на луѓето кои живеат таму, а колажот е одличен начин да се помине евтино, а да се направи нешто креативно и единствено.

Комбинации од различни плочки меѓу кои може да се вметне и по некој уникатен предмет купен како сувенир или некои камчиња донесени од некое патување, се предлозите кои никогаш нема да излезат од мода.

7-chesti-greshki-shto-se-pravat-pri-renoviranje-na-banjata-05.jpg

7. Дрво со паркет

Интересни се керамичките плочки кои имитираат паркет или бродски под, кои исто така можат да се поставуваат и во други делови од станот.

Секогаш треба да се внимава дека таквиот под не смее да биде во близина на паркет, бидејќи станува преочиглена разликата на површините.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Предлози за украсување со кои ќе внесете празнична магија во бањата (фото) На бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg