Три парчиња мебел од кои можете да се ослободите без да жалите

Ако негувате модерен стил на уредување во вашиот дом, треба да бидете доследни на него кога е во прашање мебелот.

tri-parchinja-mebel-od-koi-mozhete-da-se-oslobodite-bez-da-zhalite-01.jpg

Секако, приоритет е да го имате она што ви е навистина потребно и што го користите, наместо да ги преполнувате собите со ситници кои ќе бидат само за украс.

Иако не е лесно да се ослободите од мебелот, ниту пак е исплатливо да купувате нов на неколку сезони, со некои помали парчиња можете почесто да експериментирате.

Следниве совети се особено практични ако живеете во мал стан:

Ослободете се од големите масички за кафе

Масичките покрај гарнитурата некогаш се произведувале доволно големи за и на нив да можете да дочекате помалку гости, а во долниот дел да ги складирате сите книги, весници и сè што не треба да стои врз масата.

Внесете модерност во просторот со неколку навистина мали масички наместени една покрај друга (некои салони за мебел нудат комплет од три или повеќе мали масички за ваква намена). Така ќе можете да ги спојувате и раздвојувате и да ги користите за првичната намена - само за кафе.

tri-parchinja-mebel-od-koi-mozhete-da-se-oslobodite-bez-da-zhalite-02.jpg

Ноќни масички што заменуваат плакар

Наместо да имате ноќна масичка која ви служи како мини-плакар за вашата долна облека и други лични предмети, импровизирајте со висечки полици.

Ноќната масичка ви е потребна за да поставите ламба и да имате каде да ги оставите очилата, мобилниот телефон или книгата, па навистина ви е доволна само една полица.

tri-parchinja-mebel-od-koi-mozhete-da-se-oslobodite-bez-da-zhalite-03.jpg

Големи комоди за телевизорот

Во денешно време нема толку голема потреба покрај телевизорот да ги поставувате и ДВД-плеерот и музичкиот систем, бидејќи поголемиот дел телевизори самите ги имаат тие опции.

Многу помодерно е доколку денешните рамни и тенки телевизори ги закачите на ѕидот или одберете ниска, минималистичка комода на која ќе го поставите. Сè друго е само залудно потрошен простор.

tri-parchinja-mebel-od-koi-mozhete-da-se-oslobodite-bez-da-zhalite-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет трикови за уредување со кои ќе му дадете француски шарм на домот Долги завеси, винтиџ мебел и суптилни златни детали. Долги завеси, винтиџ меб...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...

Најчитани неделава