Предмети кои докажано предизвикуваат стрес - а сите ги имаат дома

Според тврдењата на психолозите, присуството на овие нешта во куќата, или, пак, станот, може силно да се одразат на секојдневните емоции на луѓето кои живеат во дадениот простор.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-1.png

Општо познато е дека одредени ситуации, како што се метежот во сообраќајот, прекумерната работа и недостатокот на сон, претставуваат стресори кои го попречуваат човекот во нормалното извршување на активностите.

Меѓутоа, знаевте ли дека постојат и фактори за кои никогаш не би помислиле дека предизвикуваат стрес, а и тоа како ви се одразуваат на емоциите и расположението? Според психолозите, повеќето ги имате во домот и никако да се ослободите од нив.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-2.jpg

Од текстот во продолжение, прочитајте кои се овие предмети, како и зошто се штетни за вашето психичко здравје:

1. Вклучен телевизор

Мноштво луѓе имаат навика да го остават пуштен телевизорот, додека тие извршуваат различни активности по дома. Притоа – не знаат дека тоа може да им предизвика дополнителен стрес. Според направените истражувања, вишокот од непотребна бука ве прави понервозни, а и спречува нормално да функционирате во секојдневието. Имајте го ова на ум пред да посегнете по далечинскиот управувач.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-3.jpg

2. Подароци и наследства

Сигурно тетката на тетка ви имала добра намера кога од срце ви го дала сетот со (пре)шарени чинии. Ама, не баш сѐ што ќе добиете, мора и да ви се допадне. А, токму ваквите предмети се чести предизвикувачи на стрес. Имено, задржувањето на непотребните подароци, или, пак, наследства, не прават само физички неред, туку се и емотивно оптоварување. Од една страна не ги сакате во домот, а од друга ви е жал да ги фрлите. За да немате грижи на совест – проследете ги на личност што ќе ѝ бидат реално корисни.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-4.jpg

3. Играчки од детството

Истото правило како за подароците и наследените работи, важи и кога се играчките од детството во прашање. Пожелно е да расчистите со нив еднаш и засекогаш. Јасно ни е дека разделбите од омилените кукли или мечиња се тешки, но крајно време е да се помирите со фактот дека сте пораснале. А, таквите предмети само дополнително го задушуваат просторот. Повторуваме – физичкиот неред е и емоционален товар.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-5.jpeg

4. Огледала насекаде

И, додека дизајнерите за ентериер советуваат поставување на што повеќе огледала во домот, особено ако просторот е мал и тесен, истражувањата покажуваат дека постојаното гледање во огледало може да предизвика стрес. Нормално – ова не значи дека мора целосно да ги исфрлите – па да се шминкате или дотерувате на слепо. Меѓутоа, добро е да го ограничите бројот на огледалата дома.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-6.png

5. Скршени предмети

Чувате работи што веќе со месеци, или, пак, години, се убедувате себеси дека ќе ги залепите и поправите? Не се залажувајте – нема. Психолозите сметаат дека окружувањето со скршени предмети креира слична енергија и во нашите животи. Затоа е подобро што поскоро да се ослободите од нив.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-7.jpeg

6. Стари хартии

Дури и самата помисла на нив предизвикува нервоза, бидејќи нема ништо полошо од нередот што купиштата хартии го прават во домот. А, ни сами веќе не знаете за што служат. Без разлика дали станува збор за стари сметки, честитки, или, пак, праисториски скрипти и учебници, сите може да доведат до појава на стрес и анксизност. Па, навистина би било мудро набрзо да ги фрлите во канта.

predmeti-koi-dokazhano-predizvikuvaat-stres-a-site-gi-imaat-doma-8.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg