Ѕид од цигли – тренд кој одлично се вклопува во секоја соба од домот (фото)

Циглите се природен материјал кои со својата нијанса, но и текстурата, му даваат неверојатна топлина на секој простор каде што се инкорпорирани.

Zid-od-cigli-01.jpg

Без разлика дали станува збор за модерен простор или пак простор уреден во медитерански, скандинавски или еклектичен стил, нема да погрешите доколку се решите за ѕид исполнет со цигли.

Од сите градежни материјали, циглите (покрај бетонот) станаа омилената декорација во однос на ентериерот. Самиот факт што се одличен топлински и звучен изолатор и нивното едноставно поставување ја прават одлуката за нивната употреба уште полесна.

Циглите може да ги ставите каде и да посакате – на ѕидот во ходникот, дневната соба, спалната, кујната, тоалетот, па дури и во детските соби.

Тие се евтин и истовремено одличен начин да внесете доза на стил и динамичност во домот, нели? Погледнете на што мислиме:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил Не се опседнувајте со тоа креветот во спалната да биде совршено наместен, а наме...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...

Најчитани неделава