Фенг шуи: Каде не треба да ставате огледало ако сакате добра енергија?

Иако секој дизајнер на ентериер сигурно не ја практикува оваа античка кинеска уметност, најверојатно, барем делумно, несвесно се придржува кон нејзините принципи.

Feng shui I ogledalo Kade ne treba da go stavate 01

Фенг шуи е често здрав разум, кога станува збор за дизајн на ентериер. 

Огледалата се предмети што ги рефлектираат и размножуваат работите во домот, така можат да го прошират просторот, но и да ги зголемат сметките.

Покрај тоа, можат да го забрзаат или забават протокот на енергија во вашиот дом.

Каде, според фенг шуи, не треба да го ставите огледалото ако сакате добра енергија во домот:

Кујна

Што се однесува до кујните, експертите за фенг шуи избегнуваат да ставаат огледала таму, особено ако се свртени кон рерната, бидејќи се верува дека оваа позиција носи негативна енергија.

Ходник

Огледалата во ходникот се генерално позитивна работа, освен кога се поставени на крајот, каде што можат да го намалат протокот на енергија.

Дневна соба

Огледалата во дневната соба можат да ја удвојат негативната енергија ако гостите се негативни, па бидете внимателни кого поканувате дома.

Feng shui I ogledalo Kade ne treba da go stavate 02

Кревет

Тешките, гломазни предмети над креветот, троседот или фотелјата не се препорачуваат, бидејќи фенг шуи се врзува за чувство на сигурност, а тешко дека ќе се чувствувате сигурно кога нешто тешко виси над вашата глава.

Бања

И, конечно, во врска со бањата - експертите препорачуваат да избегнувате поставување на огледало спроти вратата или тоалетот. Настрана што огледалата поставени наспроти вратата се сметаат за лоша идеја во секоја просторија, исто така, не е пријатно да се гледате додека седите на тоалетот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава