Monstera deliciosa ќе го претвори вашиот дом во тропска оаза – Како се одгледува?

Можеби името ви звучи непознато, но сигурно сте го виделе ова растение на Instagram, на разни илустрации, па дури и на тапети.

monstera-deliciosa-kje-go-pretvori-vashiot-dom-vo-tropska-oaza-kako-se-odgleduva-01.jpg

Ова растение дефинитивно ја обележа 2020-та година, а има и зошто – може да ја претвори секоја просторија во прекрасна тропска оаза.

Ова растение е тропска билка од семејството Araceae, и е препознатливо по необичните листови кои имаат дупки.

Како правилно да се грижите за ова растение?

На оваa билка ѝ е потребен простор, па најдобро е да ја сместите на видно место во дневната соба.

Истовремено, треба да внимавате растението да не биде изложено на многу сонце, но и да добива доволно светлина. Ако го ставите растението директно на сонце, неговите листови ќе пожолтат.

se-shto-treba-da-znaete-za-monstera-deliciosa-rastenieto-shto-kje-go-pretvori-vashiot-dom-vo-tropska-oaza-03.jpg

Доволно е да го наводнувате растението еднаш неделно и секогаш чекајте да се исуши почвата пред да ставите вода.

Одвреме-навреме прскајте ги листовите со вода, бидејќи растението е навикнато на повлажна средина.

Фото инспирација зошто да го збогатите домот со Монстера:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Пет грешки во реновирањето на бањата за кои луѓето најчесто жалат Ја отстранувате кадата иако имате доволно простор за неа и „штедите“ на шкафчиња...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...

Најчитани неделава