Трикови за совршено уредени полици - како да не владее хаос во домот?

Полиците во домот се одличен начин да ја покажете вашата креативност во уредувањето на просторот.

soveti-za-sovrsheno-uredeni-polici-01.jpg

Тие се и наједноставниот начин да го исполните празниот простор и да го подобрите изгледот на целата просторија.

Во продолжение погледнете неколку совети што ќе ви помогнат да ги уредите полиците со стил:

Почнете со книги

Нормално, полиците најчесто служат за книги, а книгите ѝ даваат некоја посебна топлина на просторијата. Па, осигурете се дека на полиците ќе имате дел од вашите најомилени книги.

Ако имате малку книги, можете да ги наредите и хоризонтално.

ednostavni-soveti-za-sovrsheno-uredeni-polici-02.jpg

Додајте ваш личен печат

Овде спаѓаат фотографии, слики, сувенири или какви било украси што имаат некакво значење за вас. Многу подобро е да ги украсите полиците со предмети кои навистина ви значат.

Овие украси не мора да стојат посебно – можете да ги ставите пред книгите, или врз нив ако сте ги наредиле хоризонтално.

ednostavni-soveti-za-sovrsheno-uredeni-polici-03.jpg

Додајте и други ситници

Можете да го дополните просторот на полиците и со мала вазна со цвеќе, украсни кутии во кои ќе чувате нешто и слично.

ednostavni-soveti-za-sovrsheno-uredeni-polici-04.jpg

Играјте си со просторот

Направете вашата полица да изгледа убаво, но и поразлично. Како што рековме, ставете ги книгите хоризонтално, наредете ги предметите едни пред други, а и останатите украси распоредете ги „неправилно“.

На полицата нека има разни облици и бои, но потрудете се да одговараат едни со други и да прават една интересна и креативна целина.

ednostavni-soveti-za-sovrsheno-uredeni-polici-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...

Најчитани неделава