Инспирација за есенски декорации во вашиот дом од стан во Скопје (фото)

Од декорации со перничиња со есенски мотиви и тикви до чинија со есенски колачиња и топол чај, домот на Боро од Скопје е топло прибежиште во студените денови.

inspiracija-za-esenski-dekoracii-vo-vashiot-dom-od-stan-vo-skopje-foto-01.jpg

Есента пристигна, а со тоа и постудените денови, па време е и за освежување на ентериерот во нашите домови со есенски мотиви.

Време е за вадење на ќебињата, перниците и доминација на тоновите како портокалово, кафеаво, жолто и бордо.

Боро Секуловски од Скопје веќе ја „донесе“ есента во својот дом, а фотографиите од уредувањето на неговиот дом со есенски мотиви се навистина инспиративни.

Боро открива неколку тајни за совршена есенска атмосфера во домот:

Префрлете некој шал на стол или во плетена корпа.

Eсенските цвеќиња се многу значајни за есенскиот декор - такви се зимската хризантема и Цаллуна тоа е цвеќето што ќе го забележите на фотографиите во виолетова боја. Двете цвеќиња се идеален декор за есенскиот период.

Неизбежен декор секако се украсните тикви (може да дојдат предвид и дуњи и јаболка, кои се поедноставни за набавка).

Мој предлог се портокаловите тикви кои ги користам за надворешените делови како балкон или двор, а белите ми се поидеални за внатрешниот амбиент. Белите тикви доколку сте малку покреативни би можеле да ги цртате, да ги боите во бела, бронзена или сребрена боја, како би добиле малку погламурозен изглед. Сѐ зависи од тоа во каков амбиент би сакале да уредувате.

Уште еден значаен момент во есенскиот декор се малите украсни тикви кои малку потешко се наоѓаат, ама со повеќе труд и ќе успеете.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg