Сивата боја ќе ја одбележи 2021 – како да ја вметнете во ентериерот на вашиот дом? (фото)

Откако институтот за бои Pantone откри дека сивата, заедно со жолтата, ќе ја обележи 2021-ва, дизајнерите веднаш почнаа да ја вметнуваат во ентериерот. Ова е боја што ќе им се допадне на сите љубители на минимализмот, особено кога станува збор за уредување на домот.

sivata-boja-kje-ja-odbelezhi-2021-kako-da-ja-vmetnete-vo-enterierot-na-vashiot-dom-foto-01.jpg

Сивата боја е впечатлива, но и едноставна, не изгледа кич и лесно можете да ја вклопите во ентериерот. Истовремено, сивата може да создаде навистина пријатна атмосфера во секој период од годината – во зима може да делува „топло“, а во летните месеци да го „излади“ просторот.

Според некои дизајнери, комплетно сивиот ентериер нема да биде во тренд во 2021, па најдобро е сивата боја да ја комбинирате со други бои во уредувањето, но доколку тоа е вашиот стил - ништо не може да ве спречи на ентериер со сиви нијанси.

Дизајнерите најмногу сакаат да ја вклопат во таканаречениот скандинавски стил на уредување, но ова е боја што може да изгледа добро во секој стил. Поради нејзината неутралност, можете да ја користите за поголемите работи во домот, како ѕидови, мебел или завеси, а исто добро изгледа и ако вметнете само неколку сиви детали, како украси или уметнички дела на кои доминира сивата боја.

Сивата боја изгледа одлично во комбинација и со дрво, и со мермер, а најдоброто е што одговара со речиси секоја друга боја. Ова значи дека нема потреба од огромни промени во домот ако сакате да додадете сиви детали.

Ако ви треба инспирација, погледнете како можете да ја вметнете сивата боја во ентериерот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...

Најчитани неделава