Детали во домот кои оставаат впечаток дека сте несредени

Никој нема да биде воодушевен ако во вашиот дом му понудите стари папучи или кафе во ретро, лошо сочувани шолји.

detali-vo-domot-koi-ostavaat-vpecatok-deka-ste-nesredeni-001.jpg

Кога луѓето ви влегуваат дома, лесно може да ви препишат некои карактеристики и особини.

Освен ако тоа не сакате да бидат нехигиенски и несредени, тогаш со време треба да ги исфрлите и исчистите овие 6 работи:

1. Износени папучи за по дома

Најдобро е да имате 1 или 2 пара вишок папучи, кои вие не ги носите воопшто и се само за гости, а тие секако не треба да бидат стари и износени.

2. Остатоци од сапун

Најлесно е да преминете на течен сапун, бидејќи остатоците од тврд сапун делуваат прилично нехигиенски.

3. Прекривки на мебелот

Не го штедете мебелот до толку и не го покривајте со разни ткаенини само за да го сочувате, освен во случаи кога имате мали деца, миленици и слични ситуации кога е навистина потребно.

4. Изгребани, стари садови

Дури и најквалитетните шолји и чинии имаат рок на траење. Почитувајте го.

5. Стар и валкан прибор за чистење кој се гледа

Ако имате џогер, метла или машина кои се валкани и буквално се распаѓаат од што се стари, или заменете ги или сокријте ги.

6. Стари кујнски крпи

Колку и да се „само крпи“, не би требало да се искинати и уништени.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...
Пет совети како да додадете раскош и луксуз во домот Винтиџ украси, впечатлив лустер и внимателно избрани уметнички дела – со неколку...

Најчитани неделава