3 бои на постелнина што ќе ви обезбедат спокоен сон – и една боја што треба да ја избегнувате

Боите што нѐ смируваат во природата, можеме слободно да ги внесеме во спалната соба, а една боја е пожелно да ја избегнуваме. Во каква боја треба да ви биде постелнината ако сакате да си обезбедите непречен сон?

Tri-boi-vo-spalnata-sto-ke-vi-obezbedat-spokoen-son-i-edna-bija-sto-treba-da-ja-izbegnuvate-01.jpg

Спалната соба е местото што треба да ни обезбеди мир, спокој, да се чуствуваме безбедно и да ни го обезбеди неопходниот одмор што ни е потребен по напорниот ден.

Австралискиот бренд на постелнина Bed Threads повикувајќи се на истражување од 2013-тата година, на својата веб страница открива какво влијание ќе имаат боите во вашата спална соба и како би требало да ја декорирате собата за да си обезбедите спокоен сон.

Ако се следи ова истражување, тогаш боите што нѐ смируваат во природата, можеме слободно да ги внесеме во спалната соба.

Сина боја

sina-spalna-soba-1.jpg

Луѓето што спијат во сини спални соби се наспиваат најдобро и се будат најсреќни. 

Научното објаснување е дека рецепторите во очите се мошне чувствителни на сино.

Накусо, рецепторите во очите праќаат порака до мозокот и кога ја „гледаат“ оваа боја тие регистрираат спокој што му дава команда на мозкот за одмор, поради што се забавува крвниот притисок и се намалува отчукувањето на срцето па се подобрува сонот.

Ова дополнително објаснува зошто чуствуваме спокој кога ќе се загледаме во чистото небо, во сините морски и езерски води итн.

Бледо жолта

zolta-spalna.jpg

Бледо жолтата боја е следниот најдобар избор, веднаш по сината.

Ако „ја облечете“ вашата спална во оваа соба, според споменатото истражување, ќе си обезбедите солиден сон.

Нежните жолти нијанси истовремено ве релаксираат и ве прават да се чуствувате удобно, а креираат удобност во просторот.

Зелена

zelena-spalna.jpg

Третата најдобра боја, е зелената, особено светлите и нежни тонови.

Светлите и нежни тонови обезбедуваат спокојна атмосфера, а појаките зелени тонови (како боја на лимета на пример) имаат контра ефект.

Зелената боја се поврзува со обновувањето, природата, хармонијата и плодноста.

Така, ако избирате боја за ѕидовите и сакате да изберете од нијансите на зелената боја, најдобро е да се одлучите за нежни или пастелни тонови, што ќе ве потсетуваат на природата и на природните нијанси.

Избегнувајте ја црвената боја

crvena-spalna.jpg

Со оглед на тоа што црвената боја е синоним за оган, страст и опасност може да предизвика покачување на крвниот притисок кога се користи на ѕидовите или во уредувањето на собата (мебел, постелнина и сл.).

Доколку сепак сакате да додадете црвено во собата, тогаш држете се до пастелните тонови, а избегнувајте јаки портокалови тонови.

„Наспроти популарните верувања, двојките што спијат во спална соба што е декорирана со луксузен декор во боја на карамела водат љубов најмалку три пати неделно. Двојките што спијат во страсно црвен декор водат љубов само еднаш неделно“ - се вели во студијата.

Детска соба

detska-soba.jpg

Кога ја декорирате детската соба, исто така мора да имате на ум, дека јаките и силни бои иако на око ви изгледаат убаво, нема да им обезбедат спокоен сон на вашите деца.

Напротив, премногу јаките бои во детската соба може да доведат до прекумерна стимулација и да го попречат одморот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg