Од стар, демоде дом до инстаграмџиски рај - пар направил драстична трансформација на семејна куќа (фото)
„За само 11 седмици комплетно ја трансформиравме старата куќа и денес таа е нашиот дом од соништата“, открива шармантниот пар од Австралија.

Тифани и нејзиниот сопруг Трој од Мелбурн, Австралија, кои работат како учители, во мај 2020 купиле стара разрушена куќа од 80-тите и знаеле дека таа е неизбрусен дијамант.

Напуштената куќа имала добра основа за да биде домот од соништата на овој шармантен пар.

„Куќата е во стилот на 80-тите и имаше многу кафеави и црвени тонови кои веќе не се во тренд. Ние сакавме да го модернизираме просторот. Рушевме ѕидови, создадовме отворен концепт, ставивме големи прозорци и во уредувањето доминира белата боја.
За само 11 седмици комплетно ја трансформиравме куќата и денес таа е нашиот модерен дом од соништата“.

Реновирањето на семејната куќа тие го документираа со фотографиина Инстаграм профилот „Thepalmerstonproject“.
Како изгледа нивниот дом сега:
С. С. | Црнобело