Девојка од Лондон целосно ја трансформирала кујната за 120 евра – од старомодна до стилски уредена

Со ограничен буџет од само 100 британски фунти или околу 116 евра, оваа мајка решила во целост да го промени изгледот на нејзината кујна и тоа без да повика професионалци. Парите ги вложила во нова боја и нови рачки за елементите.

Go-promenila-izgledot-na-kujnata-so-pomalku-od-120-evra-starite-drveni-elementi-blesnaa-vo-novo-belo-ruvo-01.jpg

Беки Лејн (34) на својот Инстаграм профил објавува фотографии и видео снимки од проектите што ги прави сама. Таа се преселила од Лондон во Сури, но набрзо почнала да бара решение за дрвената кујна што била мошне темна и здодевна. Во видеото покажува како овој простор успева да го трансформира во кујна од соништата.

Go-promenila-izgledot-na-kujnata-so-pomalku-od-120-evra-starite-drveni-elementi-blesnaa-vo-novo-belo-ruvo-02.jpg

Со цел да ги намали трошоците се одлучила за наједноставното решение, да ја обои целата кујна заедно со мијалникот.

Како што појаснува, парите речиси во целост ги потрошила за боја, а тоа што се одлучила за бела боја помогнало кујната да стане посветла и да изгледа посвежо.

Go-promenila-izgledot-na-kujnata-so-pomalku-od-120-evra-starite-drveni-elementi-blesnaa-vo-novo-belo-ruvo-03.jpg

Сè на сè целиот проект бил завршен во текот на еден викенд и за време на неколку вечери додека нејзините деца спиеле.

„Кујната беше во боја на темен бор и не беше по наш вкус. Исто така правеше просторот да изгледа темно и депресивно, а ние сакавме посветло, пошироко, помодерно чувство“ – вели таа.

Go-promenila-izgledot-na-kujnata-so-pomalku-od-120-evra-starite-drveni-elementi-blesnaa-vo-novo-belo-ruvo-04.jpg

Пред да ги обои со три слоја боја, Беки прво ги обработила површините. Таа исто така ги променила рачките на висечките елементи, а мијалникот го обоила со боја во спреј.

Go-promenila-izgledot-na-kujnata-so-pomalku-od-120-evra-starite-drveni-elementi-blesnaa-vo-novo-belo-ruvo-05.jpg

„Иноксниот мијалник воопшто не одговараше со новите златни рачки... Никогаш претходно не сум видела некој да обои мијалник со боја во спреј. Одлучивме внатрешноста да не ја боиме, туку само надворешниот дел. Мислам дека ја разубавивме кујната и многу ми се допаѓа“ – вели таа.

Погледнете го видеото од трансформацијата на кујната, но и од други проекти објавени на нејзиниот Инстаграм профил:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата кујна Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лу...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина.&...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg