8 евтини и едноставни трикови со кои ќе го освежите стариот мебел во домот

Кога сакате да го освежите домот, но финансиите не ви го дозволуваат тоа, доволно е да направите некои мали промени за да добиете целосно нов изглед.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-01.jpg

Ако мебелот во домот ви е застарен, но моментално не сте во можност да купувате нов, постојат трикови со кои можете да направите драстична разлика.

Од тапацирање и фарбање, до самолеплива фолија, погледнете како да го освежите стариот мебел во домот:

Заменете ги ногарките на двоседот, троседот…

Можете да им дадете потполно нов изглед на креветите во дневната само ако им ги замените ногарките. Ако не можете да ги смените, доволно е и да ги офарбате во боја што ќе се вкопува со ентериерот.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-02.JPG

Освежете ја старата стаклена масичка со металик боја

За да ја претворите старата стаклена маса во луксузно парче мебел, само обојте го стаклото од долната страна со металик боја.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-03.JPG

Сменете го изгледот на кујната со самолеплива фолија

Нема потреба да купувате нова помошна маса или да ги менувате плочките во кујната. Денес можете да најдете самолеплива фолија во секакви дезени со која целосно ќе ѝ го промените изгледот на кујната.

Само, осигурете се дека ќе купите водоотпорна фолија за да ви трае подолго. 

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-04.JPG

Тапацирајте ги старите кревети и столчиња со поубав материјал

Ќе поминете многу поевтино ако само го смените материјалот на старите кревети и столчиња, отколку да купувате нови.

Изберете материјал со боја или дезен што најдобро ќе се вкопува во вашиот ентериер, одете кај професионалец кој ќе ви ги тапацира столчињата или каучот и ќе изгледа како да имате потполно нов мебел.

Ако станува збор за дрвени и оштетени столови, можете и да ги лакирате со друга боја.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg