8 евтини и едноставни трикови со кои ќе го освежите стариот мебел во домот

Заменете ги рачките на шкафчињата и гардероберите

Ако не можете да купите нови шкафчиња или гардеробер, некогаш доволно е само да им ги замените рачките.

Одберете некои поуникатни дизајни и мебелот ќе изгледа многу подобро.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-06.JPG

Купете поскапи детали за да го украсите евтиниот мебел

Наместо да купувате нов кауч, вложете во перници со интересни бои и дезени и веднаш ќе ја забележите разликата. Можете да купите и квалитетни прекривки.

На старата маса ставете поскапа вазна со интересен дизајн, на подот ставете уникатeн тепих… можности има безброј.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-07.JPG

Ставете врати на старите полици

Ако имате многу стари и оштетени полици за книги, најдобро е да им направите и врати, како на шкафчиња.

Ова ќе ви чини помалку отколку да купите нови квалитетни полици, а веднаш ќе го освежите изгледот на просторијата.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot09.jpg

Офарбајте го стариот мебел

Денес можете да купите секакви бои и лакови за мебел од секаков материјал, а ова е најлесниот начин да го освежите стариот мебел.

Ако сте креативна личност, не мора да го офарбате мебелот само со една боја – додајте и некој ваш личен дезен кој дополнително ќе ја освежи просторијата.

7-evtini-i-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-go-osvezhite-stariot-mebel-vo-domot-08.JPG

Сприова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
Предмети кои ги чувате во кујната, но би требало да ги преместите Кујната би требало да биде најфункционалната просторија во еден дом... Кујнат...
Фенг-шуи совети: Која боја на новогодишни украси ќе ви донесе здравје, среќа и пари во 2022? Според кинескиот хороскоп 2022-та година е година на Тигарот, па така кога стану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg